СЛИВАРИТЕ ОД РАДОВИШКО ПОВТОРНО ГО БЛОКИРАА ПАТОТ КОН СТРУМИЦА, БАРААТ ПО 5 ДЕНАРИ ЗА КИЛОГРАМ ОБЕШТЕТУВАЊЕ ОД ДРЖАВАТА

    СЛИВАРИТЕ ОД РАДОВИШКО ПОВТОРНО ГО БЛОКИРАА ПАТОТ КОН СТРУМИЦА, БАРААТ ПО 5 ДЕНАРИ ЗА КИЛОГРАМ ОБЕШТЕТУВАЊЕ ОД ДРЖАВАТАСливарите и за утре најавија нова тричасовна блокада на патот кон Струмица со почеток во 11 часот (Фото: СДК.МК)

    Производителите на сливи од радовишко повторно го блокираа патниот правец Радовиш-Струмица бидејќи ниту има откуп ниту пак има резултаи од интервентните мерки на државата, а производството им скапува по нивите. Поддршка добија и од овоштари од Кавадаречко-Неготинскиот но и Делчевскиот Регион. Бараат државата да најде мерки за да има откуп или во спротивно да ги обештети по 5 денари за килограм во просек за 30 илјади тони по хектар. На овој начин како, што тврдат сливарите, колку-толку ќе има пари за да се раздолжат кон земјоделските аптеки.

    „Државата ги има обезбедено тие средства, два денари за откупувачите што ќе ги превземат произведените количини и три денари за нас ако ги предадеме. Но проблемот е што нема откуп. Нема откупни центри ниту пак преработувачки капацитети. Ние бараме тие пет денари да бидат доделени на производителите и тоа во просек за три тона по декар или 30 тони по хектар, иако годинава родот е далеку поголем“, вели Станко Манчевски од Иницијативниот одбор на овоштари од радовишко, кој за утре најави нова блокада на патот кон Струмица со почеток во 11 часот со времетраење од три часа.

    Во радовишко речиси и да нема откуп па сливите скапуват по овоштарниците, велат производителите кои се гневни што годинава и покрај добриот и квалитетен род никој не сака да им го откупи. Трговците, пак, велат дека традиционалните пазари од поранешните југословенски простори се презаситени со ова овошје и нема интерес за извоз.

    Владата минатата недела донесе одлука да им додели дополнителни три денари за прозводителите за килограм предадени сливи во преработувачките капацитите, но и два денари за откупувачите под услов цената да не биде пониска од пет. На тој начин, како што кажаа, се очекува стабилизација на пазарот.

    Според Министерството за земјоделство, во земјава со одгледување сливи се занимаваат 2.800 лица на околу 1.200 хектари.

    В. ТРАЈКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира