СЛОВЕНИЈА ЌЕ ЈА ПОДДРЖИ МАКЕДОНИЈА ЗА ДАТУМ ЗА ЕУ, ПРЕМИЕРОТ ШАРЕЦ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ВО СКОПЈЕ, РЕЧЕ АМБАСАДОРОТ ЈАЗБЕЦ

    СЛОВЕНИЈА ЌЕ ЈА ПОДДРЖИ МАКЕДОНИЈА ЗА ДАТУМ ЗА ЕУ, ПРЕМИЕРОТ ШАРЕЦ СЛЕДНАТА НЕДЕЛА ВО СКОПЈЕ, РЕЧЕ АМБАСАДОРОТ ЈАЗБЕЦСловенечкиот амбасадор во земјава Милан Јазбец денес присуствуваше на Симпозиумот на етнолози-конзерватори во Битола. (Фото: СДК.МК)

    Словенија е голем поддржувач на Република Северна Македонија за почеток на преговорите за влез во ЕУ, а словенечкиот премиер Марјан Шарец за една недела ќе дојде овде, а потоа во Брисел ќе пренесе порака дека земјава заслужува почеток на преговорите сега повеќе од кога било другпат, најави словенечкиот амбасадор во земјава Милан Јазбец, кој денес присуствуваше на Симпозиумот на етнолози-конзерватори во Битола.

    ,,И културата, ако се стави во актуелен политички контекст, е многу значаен дел во преговорите кои ѝ престојат на Северна Македонија. Меѓу вашата држава и Словенија има големо разбирање, поддршка и пријателство. Словенија е голем поддржувач на државата за почеток на преговорите. Ние очекуваме зелено светло за две недели на Европскиот совет. Во таа смисла ми е многу драго што за една недела доаѓа во работна посета нашиот премиер. Тоа ќе биде посета в очи самитот и тоа ќе биде еден најдобар начин за израз на поддршка. А од друга страна, тој во Брисел на состанок ќе однесе најсвежи впечатоци за тоа колку е овде сработено и да пренесе порака дека Република Северна Македонија денес, сега, во овој момент заслужува почеток на преговарачкиот процес повеќе отколку било кога друг пат”, рече амбасадорот Јазбец.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира