СО ЕЛЕКТРОМОБИЛИТЕ ЗА РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА „СКОПЈЕ 2014“ ЌЕ СЕ ОДРЖУВААТ ПАРКОВИТЕ

    СО ЕЛЕКТРОМОБИЛИТЕ ЗА РАЗГЛЕДУВАЊЕ НА „СКОПЈЕ 2014“ ЌЕ СЕ ОДРЖУВААТ ПАРКОВИТЕЕлектромобилите изминативе две години не се користеа за разгледување на центарот на градот. (Фото: Град Скопје)

    Електромобилите кои беа купени за разгледување на спомениците и објектите од проектот „Скопје 2014“ ќе се користат за контрола и одржување на парковите низ градот. ЈП „Градски паркинг“ ќе донира шест електромобили на ЈП „Паркови и зеленило“.

    „Електромобилите работат на електричен погон и не го загадуваат амбиенталниот воздух. Нивното користење од страна на екипите на ‘Паркови и зеленило‘ ќе овозможи поголема ефикасност и подобра контрола на теренот при одржувањето големите јавни зелени површини“, велат од Град Скопје.

    Електромобилите изминативе две години не се користеа за разгледување на центарот на градот. Турите со електричните возила почнаа во 2014. Стартот беше од Музејот на Град Скопје, низ улица Македонија и плоштад Македонија преку Камениот мост до плоштадот Филип Втори. Цената беше 50 денари, а возењето траеше 20 минути.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира