СО ГОДИНИ ИМА ДЕФЕКТИ НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦА ВО ВЕЛЕС ПОРАДИ ЛЕГАЛИЗИРАНИТЕ ПРЕНАМЕНИ НА ГАРАЖИТЕ ВО ДУЌАНИ И ПОСТАВУВАЊЕ БИЛБОРДИ

    СО ГОДИНИ ИМА ДЕФЕКТИ НА ВОДОВОДНАТА МРЕЖА НА УЛИЦА ВО ВЕЛЕС ПОРАДИ ЛЕГАЛИЗИРАНИТЕ ПРЕНАМЕНИ НА ГАРАЖИТЕ ВО ДУЌАНИ И ПОСТАВУВАЊЕ БИЛБОРДИВаков проблем се повторуваше во неколку наврати на истата локација изминатите 4-5 години. (Фото: СДК.МК)

    Дефектите кои се случуваа на улицата Благој Ѓорев кај Панини во неколку наврати изминатите години биле поради нивелацијата на земјата создадена од пренаменетите гаражи во дуќани. Хаваријата на водоводната мрежа која се случи на истата улица неодамна е предизвикана од фирмата која поставува билборди во Велес. Ова го изјави директорот на ЈКП „Дервен“ Горан Наунчев на седницата на Советот, на која имаше прашања од советниците како дојде до овој дефект кој остави без вода дел од домаќинствата во новиот дел на градот. Ваков проблем се повторуваше во неколку наврати на истата локација изминатите 4-5 години.

    „Кога се правел цевководот на улицата Благој Ѓорев, не е планирано дека од гаражи ќе се пренаменуваат во дуќани. Пред секој дуќан се правеле скали, се копало и на водоводната цевка има нивелација, поради што се случуваа дефектите. Неодамна фирмата која поставува билборди работела на оваа локација, го предизвикала дефектот и таа ќе ја плати штетата. Нашата комисија за штети беше веднаш на терен да изврши проценка. Дефектот се случил во 17 часот, а е остранет во 4 часот. Вработените на Работна единица Водовод беа сите часови таму ангажирани. Проверуваме каква е состојбата со проток, кој беше константен 6, 37, значи не е резултат на наша човечка грешка“, кажа директорот Наунчев.

    Службите на ЈКП „Дервен“, по констатирањето на овој проблем кој се влече со години, го исклучиле водовдот на улицаа Благој Ѓорев, од кружниот тек кај Авона до зградата на Панини, и го префрлиле на паралелната улица Лазо Осмаков, кај Хигиенски завод. Тој цевковод повеќе ќе нема вода низ водовдната мрежа, и затоа се уредува хортикултурно. Водоводот во понискиот дел на улицата, од Панини до крстосницата кај гимназијата останува, тука немало можност да се случи дефект оти немало поместување на земјата.

    „Овие дефекти, настанувале со години, наследив и штети, но го решивме. Пред некоја година, при ваков дефект, службите на ЈКП ‘Дервен’ не излегле на терен, не констатирале колкава е штетата, па сега плаќаме 1,2 милиони денари за јоргани, постелнина и не знам за што уште не. Во друга пригода, пак при ваков дефект, комисијата излегува на терен, констатира колкава е штетата, истата е трипати помала од оваа од 1,2 милиони. Ете колку ја чини фирмата заедно неизлегување на комисија на терен, но кажува и дека вакви дефекти се случувале и во минатото“, кажа Наунчев.

    Тој посочи друг пример каде требало да се постави билборд, но таму постапката била навремено стопирана. Кај кружниот тек во центарот на градот, алармирано е дека на предвидената локација под неа има цевковод, па таму не се извршени градежни дејствија за поставување биолборд.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира