СО ПАРИ ОД ЕУ СЕ РЕНОВИРААТ 11 КУЌИ НА НАЈЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА ВО РОМСКАТА НАСЕЛБА ВО ВИНИЦА

    СО ПАРИ ОД ЕУ СЕ РЕНОВИРААТ 11 КУЌИ НА НАЈЗАГРОЗЕНИТЕ СЕМЕЈСТВА ВО РОМСКАТА НАСЕЛБА ВО ВИНИЦАВо првата фаза од проектот ќе се реконструираат 11 од 22 куќи кои се со најлоши услови за живот.(Фото:СДК.МК)

    Најзогрозените семејства од ромската населба Блок 18 во Виница ќе добијат реновирани домови. Со пари од Европската унија почна реализацијата на првата фаза од проектот за реконструкција и реновирање на 11 од 22 куќи кои се со најлоши услови за живот.

    Паралелно во рамките на овој проект, се работи и на легализација и обезбедување имотни листови за повеќе од 200 куќи во сопственост на социјално загрозени семејства, а Општина Виница започна и постапката за донесување Детален урбанистички план за овој дел од градот.

    „Со овој проект ќе се реализираат и низа други инфраструктурни работи во виничкиот Блок 18. Ќе се изгради фекална канализација во должина од 400-500 метри, локални улици во должина од 3.000 метри, ќе се изградат потпорни ѕидови на места и улици каде што постои опасност од свлечишта, ќе се постават 40 соларни светилки во досега неосветлените улици и 30 контејнери за отпад“, велат од невладината организација ЦЕЛИМ која го спроведува проектот.

    Реконструкцијата и реновирањето на куќите е дел од проектот „Обезбедување пристојни услови за домување за ромската заедница во Општина Виница“.

    Покрај ЦЕЛИМ Македонија, во реализацијата учествуваат и Ромски ресурсен центар и Општина Виница. Проектот е финансиран од Европската Унија.

    .

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира