СОБРАНИ 60 ВРЕЌИ ОТПАД ШТО ГО ФРЛААТ ВОЗАЧИТЕ НА ПАТОТ ОХРИД-СТРУГА

    СОБРАНИ 60 ВРЕЌИ ОТПАД ШТО ГО ФРЛААТ ВОЗАЧИТЕ НА ПАТОТ ОХРИД-СТРУГАПодигнати се 60 вреќи пластична и хартиена амбалажа и друг вид ситен отпад расфрлани покрај коловозот и во тревните површини на патот Охрид-Струга (Фото: Општина Охрид)

    Охридските комуналци викендов собраа околу 60 вреќи отпад што го фрлаат возачите од автомобилите на патот од Охрид кон Струга.

    „Акцијата започна ран наутро, а во учествуваа 8 комунални работници. Расчистен беше и потегот кај автобуската постојка кај селото Подмоље до стариот пат Охрид-Струга. За жал, и овој пат подигнати се огромни количини пластична и хартиена амбалажа и друг вид ситен отпад (околу 60 вреќи) расфрлани покрај коловозот и во тревните површини”, соопшти „Охридски комуналец“.

    Минатиот месец, охридските комуналци собраа околу 200 вреќи отпад и од магистралниот пат Охрид-Свети Наум.

    Д. ЧУБРИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари