СОСТОЈБАТА ШТО ЈА НАСЛЕДИВМЕ ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА Е НУЛА, РЕЧЕ ДИРЕКТОРОТ ЗОРАН ЛАЗАРОВ

    СОСТОЈБАТА ШТО ЈА НАСЛЕДИВМЕ ВО БИТОЛСКАТА БОЛНИЦА Е НУЛА, РЕЧЕ ДИРЕКТОРОТ ЗОРАН ЛАЗАРОВВо битолската Клиничка болница денес беше донирана вредна опрема од Шведска вредна 300.000 евра; - Зоран Лазаров (Фото: СДК.МК)

    Новиот директор на битолската Клиничка болница Зоран Лазаров ја оцени состојбата во која ја затекнал установата со нула, одговарајќи на новинарско прашање на кое место на скала од еден до десет би ги сврстил наследените состојби.

    „Од почетокот размислувавме дали да одржиме прес да видите во каква состојба е болницата, но одлучивме да не се жалиме, да почнеме од тоа што го затекнавме и со текот на времето да покажеме дека одиме на подобро. Нам ни е целта да ја вратиме на она ниво на кое функцинираше, треба време. Се трудиме, работиме интензивно“, рече Лазаров.

    Тој не откри други детали околу наследените состојби во болницата.

    Таму денес беше донирана вредна опрема од Шведска во износ од 300.000 евра.

    На 25 мај годинава, пратеникот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски и техничкиот министер за здравство Никола Тодоров вршеа увид во фасадата на Битолската болница, додека внатре во болницата истражители на СЈО ја чешлаа документацијата (Фото: СДК.МК)

    Пред старото раководство на болницата да биде сменето, во мај годинава во здравствената установа имаа влезено истражители од Специјалното јавно обвинителство (СЈО) кои проверуваа документи за групни набавки на рендген опрема од Министерството за здравство.

    На 25 мај годинава, пратеникот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски ја посети Битолската болница што се совпадна со присуството на истражители од СЈО, но тој не се сретна со нив. Додека претставниците на СЈО ја чешлаа документацијата внатре во управата на болницата, Груевски и техничкиот министер за здравство и сопартиецот и тогашен пратеник Никола Тодоров беа пред објектот. Од партијата изјавија дека Груевски бил дојден да изврши увид во завршувањето на реконструкцијата на фасадата, а не да влегува во Клиничката болница.

    Досега, често пати пациенти се жеалеа дека немало одредени реагенси за анализи, а ексраководството одговараше дека тендерот го распишува Министерството за здравство. Претходната власт не го отвори ни Одделението за зрачна терапија кое го најавуваше од уште пред пет години.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира