СОВЕТНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ ЈА НАПУШТИЈА СЕДНИЦАТА ОТИ ШИЛЕГОВ ГО НАВРЕДИЛ МАНЕВСКИ

    СОВЕТНИЦИТЕ ОД ВМРО-ДПМНЕ ЈА НАПУШТИЈА СЕДНИЦАТА ОТИ ШИЛЕГОВ ГО НАВРЕДИЛ МАНЕВСКИ„Го уништивте градот. Сечевте дрвја за да градите згради. Трошевте милиони за споменици и фасади. Водно го преплавивте со згради, за нечии провизии и станови. Вие господине Маневски го уништивте судството и јас како адвокат тоа најдобро го знам“, му рече Шилегов на Маневски, по што советниците реагирајќи дека градоначалникот ги навредувал ја напуштија салата. (Фото: СДК.МК)

    Советниците на ВМРО-ДПМНЕ денеска ја напуштија седницата на Советот на Град Скопје, поради како што рекоа навредите кои градоначалникот Петре Шилегов ги упатувал кон советникот Михајло Маневски.

    Маневски на седницата на која на дневен ред беа советнички прашања го праша Шилегов колку дрвја засадал досега и дали ќе бидат обесштетени граѓаните кои имаат штета од невремето од паднати дрвја.

    На ова Шилегов му рече дека неговиот претходник Коце Трајановски дал усна наредба последните две години да не се сечат дрвја иако во Скопје биле мапирани околу 1.000 дрвја кои се стари и опасни.

    „Го уништивте градот. Сечевте дрвја за да градите згради. Трошевте милиони за споменици и фасади. Водно го преплавивте со згради, за нечии провизии и станови. Ние работиме на решавање на тие проблеми и ќе работиме, пролетва имавме акција засадивме 4.000 дрвја, а на есен се планирани уште 8.000, што е повеќе отколку што посадил Коце Трајановски за 4 години. А вие господине Маневски го уништивте судството и јас како адвокат тоа најдобро го знам“, му рече Шилегов на Маневски.

    По ова советниците на од ВМРО-ДПМНЕ реагираа дека градоначалникот постојано ги навредува наместо да им одговори на нивните прашања и затоа ја напуштаат седницата.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира