СТАРИОТ ПАТ ОХРИД-СТРУГА ЌЕ СТАНЕ МОДЕРНА СООБРАЌАЈНИЦА ОТКАКО ДОСЕГА САМО СЕ КРПЕШЕ

    СТАРИОТ ПАТ ОХРИД-СТРУГА ЌЕ СТАНЕ МОДЕРНА СООБРАЌАЈНИЦА ОТКАКО ДОСЕГА САМО СЕ КРПЕШЕПо стариот пат досега мораше да се вози по дупки и други оштетувања (Фото: СДК.МК)

    Стариот пат од Охрид до Струга, кој досега само се крпеше, ќе стане модерна сообраќајница. Од минатиот викенд, патот од Подмоље до „Еврохотел” е затворен за сообраќај, а градежната фирма „Илинден” од Струга ја започна неговата санација.

    „Активностите за санација на патот ги започнавме минатиот викенд. Ангажираани се најстручни луѓе и обезбедена е потребната механизација. Планираме оваа делница да ја завршиме во април, пред почетокот на туристичката сезона. Поддршкa имaме од Aгенцијата за државни патишта, која го финансира проектот. Во план е и рекoнструкција на патот од Подмоље до Ќафасан, граничниот премин на македонско-албанската граница”, изјави директорот на „Илинден”, Раде Трајкоски.

    На стариот пат со децении немаше интервенции, посебно откако паралелно со него се изгради нов пат од Подмоље до Струга. Не мал број охриѓани и стружани го користеа стариот пат, но беа принудени да поминуваат преку дупки и други големи оштетувања. Ова е првпат овој дел до патот да биде темелно реконструиран.

    „Илинден” ги поправа и големите оштетувања на патот што води од Охрид покрај болницата „Свети Еразмо” до Помдоље.

    Д. ЧУБРИЌ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари