СТРУМИЧКИОТ КАРНЕВАЛ СО КРЕАТИВНОСТ Ѝ ПРКОСИ НА КРИЗАТА

    СТРУМИЧКИОТ КАРНЕВАЛ СО КРЕАТИВНОСТ Ѝ ПРКОСИ НА КРИЗАТАОколу 1.200 учесници поделени во 41 карневалска група продефилираа по струмичките улици. (Фото: Ѓ. Личовски)

    Економската и енергетска криза не ги поколебаа струмичките карневалци да направат раскошни и креативни маски. И оваа година Струмичкиот карневал го потврди епитетот за еден од најдобрите на балканските простори. Околу 1.200 учесници поделени во 41 карневалска група продефилираа по струмичките улици упатувајки низа пораки за љубов, бериќет, мир, забава, заштита на Земјата.

    Фото: Ѓ. Личовски

    Освен традиционалните струмички групи како и групни маски од Радовиш, Куманово, Кавадарци и Пробиштип, на карневалот во Струмица настапија и групи од Србија, Црна Гора, Хрватска, Босна, Грција и Бугарија кои направија шаренило од бои и музичко-сценски настапи пред десетици илјади посетители од земјава и странство.

    Фото: Ѓ. Личовски

    Годинашново издание на Струмичкито карневал го следеа и преставници на Европската асоцијација на карневалски градови од Шведска, Германија, Холандија, Италија, Словенија и Турција.

    Струмичкиот карневал годинава чини околу 3 милиони денари обезбедени од Општина Струмица и спонзори, а Министерството за култура додели 495 илјади денари.

    В. ТРАЈКОВ

    Фото: Ѓ. Личовски

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира