СТРУМИЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ СЕ ОБЕДИНИЈА И НАЈАВИЈА ПРОТЕСТ ПОРАДИ ДВОЈНО ПОНИСКАТА ОТКУПНА ЦЕНА НА ПИПЕРКАТА

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"Скопје,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    СТРУМИЧКИТЕ ЗЕМЈОДЕЛЦИ СЕ ОБЕДИНИЈА И НАЈАВИЈА ПРОТЕСТ ПОРАДИ ДВОЈНО ПОНИСКАТА ОТКУПНА ЦЕНА НА ПИПЕРКАТА

    Струмичките земјоделци ќе излезат на протести доколку не се реализираат договорените откупни цени на градинарските индустриски култури посебно на црвената пиперка. Тие се заканија откако на терен, според нив, преработувачите и трговците, почнале да ја откупуваат ајварката по двојно пониска цена.

    Преставниците на Сојузот на земјоделци и Синдикатот на земјоделски производители го повикаа министерот Михаил Цветков и првиот човек на инспекторатот Цветан Трипуновски да преземат мерки бидејки ајварката во струмичко почнала да се откупува по 10 денари иако во февруари годинава се договориле таа да се движи од 13 до 24 денари.

    Земјоделците тврдат дека ајварката ќе скапе по нивите. И преработувачите и трговците кои работат за конзервните фабрики деновиве го минимизирале откупот, па по селските дворови има купишта ајварка (Фото: СДК.МК)

    Земјоделците тврдат дека ајварката ќе скапе по нивите. И преработувачите и трговците кои работат за конзервните фабрики деновиве го минимизирале откупот, па по селските дворови има купишта ајварка (Фото: СДК.МК)

    ,,Со амин на Министерството за земјоделство договоривме минимални цени прифатливи и за нас земјоделците и за прерабтувачите а веќе десетина дена во струмичко откупните цени на овие култури се најмалку 50 насто пониски. Земјоделскиот инспекторат нека излезе на терен за да види дека не се почитуваат договорите со преработувачите. Ако не се вратат цените ќе организираме масовни протести и граѓанска непослушност, оти ние земјоделците не можеме сметките да си ги платиме“, рече Ванчо Митев, производител од Сојузот на земјоделци кој има склучено договор со конзервно преработувачки капацитет, но таму деновиве му понудиле 10 до 12 денари за килограм ајварка.

    Земјоделците тврдат дека ајварката ќе скапе по нивите. И преработувачите и трговците кои работат за конзервните фабрики деновиве го минимизирале откупот, па по селските дворови има купишта ајварка.

    Во струмичко има околу 4.000 хектари под црвена пиперка. Но последните две недели откупот е сведен на минимум и почетните цени од 20 и 18 денари паднаа на 10 денари.

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира