Автобусот кој четири пати се расипувал на враќање со ученици од екскурзија во Грција имал техничка неисправности во одредени делови, соопштија од СВР Велес, одговарајќи на новинарско прашање. Тие постапката ќе ја проследат до надлежни институции, не прецизирајќи дали е тоа со прекршочна пријава до Основен суд Велес или Државниот инспекторат за патен сообраќај или некоја трета институција.
„По издадена наредба, во станица за технички преглед е извршен вонреден технички преглед на автобусот, каде е утврдена техничка неисправност на одредени делови во системот за кочење. За тоа од Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес е изготвен службен материјал, кој ќе биде проследен до надлежните институции за понатамошно постапување“ , велат од СВР Велес.
- НА ВРАЌАЊЕ ОД ЕКСКУРЗИЈА 4 ПАТИ СЕ РАСИПУВАЛ АВТОБУС СО УЧЕНИЦИ ОД СКОПСКАТА ГИМНАЗИЈА „ОРЦЕ НИКОЛОВ“, СРЕДНОШКОЛЦИТЕ ОБВИНЕТИ ДЕКА КРЕВАЛЕ ПАНИКА БЕСПОТРЕБНО
- СЕ ЗАПАЛИ АВТОБУС ОД ПРИЛЕП ЗА СКОПЈЕ КАЈ НАПЛАТНАТА РАМПА ОТОВИЦА, ПАТНИЦИТЕ ИЗЛЕГЛЕ НАВРЕМЕ, НЕМА ПОВРЕДЕНИ
На 8 мај годинава во 22:50 часот, на наплатна станица Отовица, на автопатот Велес-Скопје, од страна на полициски службеници од СВР Велес, бил сопрен автобус марка „сетра“ со скопски регистарски ознаки управуван од А. Ѓ. (43) од Скопје. Автобусот беше одземен и пренесен во станица за технички преглед за утврдување на техничка исправност. Учениците со друг автобус биле вратени за Скопје.
Учениците од скопската Гимназија „Орце Николов“ телефонски ги информирале родителите дека не можат да се вратат од екскурзија дома, зашто автобусот им се расипувал четири пати.
Одговорот кој малолетниците го добиле е дека непотребнио креваат паника, дека не биле расипани кочниците туку електрониката. Учениците од екскурзија се вратиле во Скопје со задоцнување од 4-5 часа.
Недела дена подоцна на истата локација, после наплатна рампа Отовица се запали автобус кој сообраќаше на релацијата Прилеп-Скопје. Автобусот изгоре а патниците навреме се спасиле и биле пренесени до Скопје.
П. ПЕЧКОВ



