ТЕТОВСКИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ СО МОБИЛНИ ВИДЕОКАМЕРИ ЌЕ ГО СНИМААТ СЕКОЈ КОНТАКТ СО УЧЕСНИЦИТЕ ВО СООБРАЌАЈОТ

    ТЕТОВСКИТЕ ПОЛИЦАЈЦИ СО МОБИЛНИ ВИДЕОКАМЕРИ ЌЕ ГО СНИМААТ СЕКОЈ КОНТАКТ СО УЧЕСНИЦИТЕ ВО СООБРАЌАЈОТКога полицаецот запира возило мора да ја вклучи камерата пред да даде знак за запирање на возилото. Кога ќе го запре возилото, веднаш мора да го извести возачот дека целата постапка се снима со видеокамера. (Фото: СДК.МК)

    Секторот за внатрешни работи Тетово започна да употребува мобилни видеокамери поставени на униформата на полицајците. Станува збор за пилот-проект во областа на сообраќајот, со кој ќе се олесни секојдневната работа на сообраќајните полицајци, посебно во конфликтни ситуации со несовесни и агресивни возачи, a ќе послужи за намалување на злоупотребите и од граѓаните и од полицијата.

    Опремата за видеоснимање е донација од САД и со неа се опремени полициските службеници од Тетово и Гостивар. (Фото: СДК.МК)

    „Полициската станица за безбедност на сообраќајот на СВР Тетово започна со спроведување пилот-проект за снимање со камери кои се поставени на униформата на полициските службеници. Со овој т.н. мобилен систем за снимање со камери ќе се врши аудио и видео снимање при обавувањето на активностите кај сообраќајната контрола на возилата. Постапката е следната, кога полицаецот запира возило мора да ја вклучи камерата пред да даде знак за запирање на возилото. Кога ќе го запре возилото, веднаш мора да го извести возачот дека целата постапка се снима со видеокамера. Целта на овој систем за снимање е да се намали евентуланата злоупотребата во постапките, а воедно ќе послужи и да се види основаноста на преставките кои граѓаните ги поднесуваат против полицијата. Но не само ова, со овој систем воедно се врши и контрола на работењето на самите полициски службеници, а со тоа и се утврдува нивната евентуална одговорност“, рече командирот на Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај во Тетово Зоранчо Талев.

    Опремата за видеоснимање е донација од САД и со неа се опремени полициските службеници од Тетово и Гостивар. Вакви мобилни камери во првата фаза ќе се користат само при сообраќајни контроли,а потоа ќе се воведат и во другите полициски активности.

    З. АНДОНОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира