ТЕТОВЦИ ПАК ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ ЕВН

a:2:{s:16:"td_post_template";s:22:"single_template_civica";s:9:"td_source";s:45:"ТЕТОВО,(САКАМДАКАЖАМ.МК)

    ТЕТОВЦИ ПАК ПРОТЕСТИРАА ПРОТИВ ЕВН

    Стотина граѓани од Тетово и околните села денеска повторно се собраа на градскиот плоштад на протест против ЕВН.

    Во името на Граѓанскиот совет кој ги води овие активности и протести, Абдураим Сулејмани ги запозна присутните на протестот за разговорите што совет ги водел со ЕВН во текот на овој месец.

    „Средбата со претставниците на ЕВН се одржа на 13 февруари, а веќе на 23 февруари добивме писмен одговор во кој стоеше дека тие не прифаќаат ниту едно од нашите барања, ниту тоа за цената на електричната енергија, ниту за таксите за приклучок, ниту другите барања со оправдување дека овие прашања веќе се решени со Спогодба во Владата и дека се засновани врз законска регулатива. Ни рекоа и дека ние сме имале најниска цена на електричната енергија по киловат час. Но, ние знаеме дека плаќаме најскапи фактури за електрична енергија во Европа. Овие високи фактури доаѓаат како резултат на однесувањето на ЕВН, како инструмент за кражба на сметка на Владата и на штета на граѓаните на Република Македонија“ изјави Абдураим Сулејмани.

    Ова е трет протест на тетовци против ЕВН од кого бараат да се намали цената на електричната енергија, затоа што, како што велат, цената на отворена берза е многупати помала од таа што се фактурира на граѓаните на Македонија, бараа да се отстрани индустриската тарифа, итно да се либерализира пазарот на електрична енергија за сите потрошувачи и други барања.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира