ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ ЕЛИТНА НАСЕЛБА ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ, А ПО 6 ГОДИНИ УШТЕ НЕМАМЕ ВОДА И ПРИСТАП, ВЕЛАТ ЖИТЕЛИ НА НАСЕЛБАТА ЈАКА ВО ОПШТИНА ИЛИНДЕН

    ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ ЕЛИТНА НАСЕЛБА ЗА МЛАДИ БРАЧНИ ПАРОВИ, А ПО 6 ГОДИНИ УШТЕ НЕМАМЕ ВОДА И ПРИСТАП, ВЕЛАТ ЖИТЕЛИ НА НАСЕЛБАТА ЈАКА ВО ОПШТИНА ИЛИНДЕНДо сега се продадени над 300 парцели, голем број куќи се изградени, дел се градат, платените се комуналиите, но обврските кои и следуваат на Општината не се исполнети. Само во еден дел поставена е цевка за вода, што покрива само мал дел од населбата, канализација нема, а пристапни патишта не се секаде изведени, а онаму каде што има дури пред неколку месеци бил поставен тампон.(Фото: Ѓ.Личовски)

    Новата елитна населба Јака во Општина Илинден и после 6 години откако почна да се гради, нема вода, пристапни патишта, ниту канализација. Дел од граѓаните кои купиле земјиште, веќе ги изградиле куќите, но не можат да се вселат оти Општината не ги завршила инфраструктурните обврски, затоа што само 10 отсто од инфраструктурата требало да да покрие Општина, а 90 отсто Владата. Општина Илинден по локалните избори остана со вмровска локална власт.

    Општина Илинден во 2012 година донесе Детален урбанисттички план за овој дел во општината, со кој на површина од 28 хектари се предвидува покрај станбени куќи да се изградат и трговски центри, хотел, забавен парк, спортски терени. Парцелите Општината ги продаваше на електронската аукција а почетната цена за метар квадратен беше 95 денари. Тогаш градоначалникот Жика Стојановски рече дека идејата е да понудат градежни парцели по евтина цена, за да можат млади брачни парови да создадат дом.

    До сега се продадени над 300 парцели, голем број куќи се изградени, дел се градат, платените се комуналиите, но обврските кои и следуваат на Општината не се исполнети. Само во еден дел поставена е цевка за вода, што покрива само мал дел од населбата, канализација нема, а пристапни патишта не се секаде изведени, а онаму каде што има дури пред неколку месеци бил поставен тампон.

    Градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски признава дека се доцни се реализацијата на инфраструктурните проекти, но вели дека дел од обврските било договорено да ги преземе Владата. Тој вели дека причина што уште нема вода низ населбата е тоа што само 20 од вкупно 350 куќи платиле за приклучоци. (Фото: Ѓ. Личовски)

    „Убаво замислена идеја, но дадена во рацете на балканци. Градоначалникот наместо да ги заврши обврските калкулира со парите. Шеста година откако почна реализацијата на проектот, а немаме вода. Куќите ги градевме без вода, сите носевме кој како ќе се снајде, а и сега кога ги завршивме не можеме да се вселиме. Плаќаме кирија, а имаме готова куќа. Ние веднаш си ги плативме комуналии, градоначалникот дава ветувања, но не се реализираат во целост. И во оние делови каде што има поставено цевка за вода, не можат луѓето да се приклучат. Половина од сопствениците на земјиште изгубија волја да градат“, велат граѓани кои имаат куќи во населбата Јака.

    Градоначалникот на Општина Илинден Жика Стојановски признава дека се доцни се реализацијата на инфраструктурните проекти, но вели дека дел од обврските било договорено да ги преземе Владата. Тој вели дека причина што уште нема вода низ населбата е тоа што само 20 од вкупно 350 куќи платиле за приклучоци.

    „Не сме престанеле да работиме, но толку ни се финансиските можности. Кога почна да се гради новата населба беше договорено 10 отсто од инфраструктурата да покрие Општина а 90 отсто Владата. Досега Општината инвестирала со над 20 отсто. Дека 100 отсто ќе завршиме со средства од општината не можеме, но се работи. Јас ве уверувам дека сите што платиле за приклучок  имаат вода. Полека се пробиваат и пристапните патишта, но капацитетите ни се толкави, не можеме да ја задолжиме Општината. Реално имаме изминативе години и економски и политички застој и тој се одразува. Но ќе најдеме начин да изведеме потребна инфраструктура, никој нема да остане без вода“, вели Стојановски.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира