ТРИДНЕВНА ЖАЛОСТ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ЗА СОГРАЃАНИТЕ КОИ ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА ВО ИТАЛИЈА

    ТРИДНЕВНА ЖАЛОСТ ВО МАКЕДОНСКА КАМЕНИЦА ЗА СОГРАЃАНИТЕ КОИ ЗАГИНАА ВО СООБРАЌАЈКА ВО ИТАЛИЈА11,12 и 13 април ќе бидат денови на жалост во Македонска Каменица. (Фото: СДК.МК)

    Општина Македонска Каменица прогласи тридневна жалост по повод смртта на сограѓаните кои прексиноќа загинаа во сообраќајна несреќа во Италија. Во директен судир во градот Ница Монферато, во италијанската провинција Асти, дел од регионот Пиемонт, загинаа тројца македонски и еден италијански државјанин. Од Македонска Каменица загина З. С. (33), од село Саса А. К.(31), а В. И. (30) од село Пекљани, Виничко.

    „11,12 и 13 април ќе бидат денови на жалост во чест на нашите сограѓани кои загинаа во сообраќајна несреќа во Италија. Тие млади и примерни луѓе секогаш ќе останат меѓу нас. Општината ќе излезе во пресрет на семејствата“, велат од Општината Македонска Каменица.

    Од македонското Министерство за надворешни работи соопштија дека претставниците на конзулатот и амбасадата во Италија веќе се во контакт со дел од семејствата на починатите, и ќе бидат на располагање за асистенција во врска со преносот на останките од Италија.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира