ЦАРОВСКА И БОГДАНОВИЌ ГИ ПРОМОВИРАА НОВИТЕ ТОАЛЕТИ И ЗА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО СКОПСКОТО УЧИЛИШТЕ „11 ОКТОМВРИ“

    ЦАРОВСКА И БОГДАНОВИЌ ГИ ПРОМОВИРАА НОВИТЕ ТОАЛЕТИ И ЗА ДЕЦА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ ВО СКОПСКОТО УЧИЛИШТЕ „11 ОКТОМВРИ“Во ова училиште сега има и тоалети прилагодени за децата со посебни потреби. (Фото: К. Попов)

    Министерката за образование Мила Царовска и градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ денеска на прес-конференција ги промовираа реновираните тоалети на скопското основното училиште „11 Октомври“.  Во ова училиште, изградено во 1954 година, сега има и тоалети прилагодени за децата со посебни потреби.

    „Денеска правиме обиколка на реновираните санитарни јазли кои ги започнавме минатата година и беа во доста лоша состојба. Комплетно се реновирани тоалетите во целото училиште и во спортската сала. Вложени се 7,8 милиони денари и веќе во наредна фаза продолжуваме со реновирање на останатите простории“, кажа градоначалникот Богдановиќ.

    Министерката Царовска кажа дека со реновирањето на тоалетите и останати простории учениците ќе добијат современи услови за престој.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира