ТУРИСТИЧКИТЕ АГЕНЦИИ БАРААТ ДА СЕ УКИНАТ ПЦР ТЕСТОВИТЕ И ПОТВРДИТЕ ЗА ВАКЦИНА НА ГРАНИЦИТЕ ОТИ ЌЕ НЕМА ТУРИСТИ

    ТУРИСТИЧКИТЕ АГЕНЦИИ БАРААТ ДА СЕ УКИНАТ ПЦР ТЕСТОВИТЕ И ПОТВРДИТЕ ЗА ВАКЦИНА НА ГРАНИЦИТЕ ОТИ ЌЕ НЕМА ТУРИСТИКомисијата за заразни болести веќе препорача да се укине задолжителното поседување сертификат за вакцинација за влез во земјава, но Владата уште нема одлука. (Фото: СДК.МК)

    Да се укине задолжителното поседување сертификат за вакцинација или ПЦР тест за влез во земјава, бараат туристичките агенции. Велат дека со ваквите рестриктивни мерки ќе нема гости на Охридско-Струшката ривиера за време на претстојните празници. Според нив, потребно е олеснување на протоколите на граничните премини за туристичко раздвижување и поголеми приходи во туристичкиот сектор, кој е еден од најпогодените изминативе две години поради пандемијата.

    „За да се зголеми бројот на туристи во земјава, во време кога пандемијата стивнува, треба да се следи примерот на голем број земји кои веќе ги укинаа заштитните мерки на граничните премини“, велат туроператорите.

    Јаким Маленко, туроператор, вели дека со укинувањето на протоколите ќе се придонесе за туристичко раздвижување и поголеми приходи во најпогодениот сектор од пандемијата.

    Комисијата за заразни болести минатата среда препорача да се укине задолжителното поседување сертификат за вакцинација или прележаност на ковид-19 за влез во земјава, но овие потврди ќе останат да важат за влез во угостителски објекти. Комисијата смета дека укинувањето на мерките треба да биде постепено. Ваквиот предлог треба да биде усвоен на седница на Владата.

    Претходно, Владата ја прифати препораката на Комисијата и ја укина мерката за задолжително носење заштитни маски во затворeни простории, освен во болници, здравствени домови, аптеки, јавен превоз и во домовите за стари и установи за згрижување лица со посебни потреби.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира