ТУРСКИТЕ СТУДЕНТИ ПО МЕДИЦИНА ВО ШТИП ЌЕ БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ ОД ОБВРСКИ ЗА ДА ПОМАГААТ ВО ТУРЦИЈА, А ЌЕ ЗАМИНАТ И ПЕТМИНА ШТИПСКИ ПОЖАРНИКАРИ

    ТУРСКИТЕ СТУДЕНТИ ПО МЕДИЦИНА ВО ШТИП ЌЕ БИДАТ ОСЛОБОДЕНИ ОД ОБВРСКИ ЗА ДА ПОМАГААТ ВО ТУРЦИЈА, А ЌЕ ЗАМИНАТ И ПЕТМИНА ШТИПСКИ ПОЖАРНИКАРИНад 5.000 луѓе загинаа во Турција и Сирија во вчерашниот катастрофален земјотрес. (Фото: ЕПА)

    Организацијата на студентите по медицина СОМА покрена иницијатива за приспособување на термините за полагање испити за студентите од Турција кои студираат во Штип, а имаат потреба да се вратат дома за да помагаат на своите семејства. Се очекува иницијативата да бидат позитивно оценета, затоа што дел од турските студенти кои студираат во Штип потекнуваат токму од градовите кои најмногу се погодени од катастрофалниот земјотрес.

    Штипскиот универзитет денеска соопшти дека тројца нивни студенти кои се на практична настава во Турција се чуствуваат добро. Еден од нив веќе е вратен во Македонија, а останатите ќе се вратат деновиве откако малку ќе им се стабилизира состојбата, а и да се подобрат комуникациите.

    За Tурција ќе заминат и петмина пожарникари од Штип кои се стручно обучени за дејствување во природни катастрофи, а Советот на Општина Штип утре ќе донесе одлука за издвојување 300.000 денари помош за настраданите во Турција. Истовремено, невладини организации во Штип започнаа акција за собирање хуманитарна помош во храна и пијалоци која континуирано ќе се праќа на погоденото подрачје од земјотресот.

    Над 5.000 луѓе загинаа во Турција и Сирија во вчерашниот катастрофален земјотрес.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира