УЛИЦАТА СТОЛТЕНБЕРГОВА ИЗРЕШЕТАНА СО ДУПКИ, ОПШТИНА ЦЕНТАР НЕ ЈА РЕНОВИРА ОТИ ЌЕ СЕ ГРАДЕЛ ЛУНА ПАРКОТ

    УЛИЦАТА СТОЛТЕНБЕРГОВА ИЗРЕШЕТАНА СО ДУПКИ, ОПШТИНА ЦЕНТАР НЕ ЈА РЕНОВИРА ОТИ ЌЕ СЕ ГРАДЕЛ ЛУНА ПАРКОТДолж улицата има дупки и прокопи, а делот каде што е поставена коцка е пропаднат-Градоначалникот Петре Шилегов и генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг на именување на улицата. (Фото: СДК.МК)

    Улицата покрај стадионот „Тоше Проески“ која Град Скопје ја именуваше Столтенбергова, според норвешкиот дипломатот Торвалд Столтенберг е изрешетена со дупки. Долж улицата има дупки и прокопи, а делот каде што е поставена коцка е пропаднат.

    Улицата Град Скопје ја именуваше во Столтенбергова лани на 6 септември кога во посета на Скопје беше генералниот секретар Јенс Столтенберг. По предлог на градоначалникот Петре Шилегов, Советот на Град Скопје донесе одлука да се именува одлука оваа улица според таткото на генералниот секретар на НАТО Столтенберг, поради неговиот придонес во обновата на Скопје после земјотресот во 1963 година.

    Од Град Скопје велат дека имаат надлежност за именување на сите улици низ градот, но одржувањето на оваа улица е должност на Општина Центар.

    Градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ вели дека не ја реконструираат улицата бидејќи се планира изградба на Луна паркот и таа пак ќе се оштети.

    „Во план е реконструкција, но исто така има најава од Град Скопје за изградба на Луна паркот. Тогаш низ улицата ќе минуваат камиони и механизација и пак ќе се уништи, затоа не ја реновираме“, вели Богдановиќ.

    На нашето прашање зар граѓаните со коли, велосипеди и колички за деца да возат по дупки и прокопи додека се направи Луна паркот, што нема да трае помалку од една година. Богдановиќ одговори дека ќе ги закрпат дупките.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира