УСТАВЕН СУД ГИ ОДБИ ПРЕТСТАВКИТЕ ЗА ДУП-ОТ И10, ОД ОПШТИНА АЕРОДРОМ ВЕЛАТ НЕМА НАЧИН ДА СЕ СТОПИРА ЗГРАДАТА КАЈ МАЈЧИН ДОМ

    УСТАВЕН СУД ГИ ОДБИ ПРЕТСТАВКИТЕ ЗА ДУП-ОТ И10, ОД ОПШТИНА АЕРОДРОМ ВЕЛАТ НЕМА НАЧИН ДА СЕ СТОПИРА ЗГРАДАТА КАЈ МАЈЧИН ДОМУставниот суд кој денеска одлучуваше за утврдување на уставноста и законитоста на планот, одлучил дека тој е донесен законски и не може да се укине. Со тоа планот кој ја предвидува спорната зграда останува активен.- Градилиштето за зградата кај Мајчин дом (Фото: Ѓ.Личовски)

    Уставниот суд денеска ги одби претставките поднесени против Деталниот урбанистички план И10, со кој се предвидува изградбата на зградата кај Мајчин дом, информираа од Општина Аеродром.

    Уставниот суд кој денеска одлучуваше за утврдување на уставноста и законитоста на планот, одлучил дека тој е донесен законски и не може да се укине. Со тоа планот кој ја предвидува спорната зграда останува активен.

    Од Општина Аеродром, после ваквата одлука на судот велат дека се исцрпени сите механизми за стопирање на изградбата на зградата кај Мајчин дом.

    „Општина Аеродром е обврзана да ја почитува одлуката на судот, како институција со највисока надлежност за овој случај. За жал, исцрпени се сите механизми со кои Општината се обиде да го оспори ДУП И10 и да ја стопира изградбата на објектот кај Мајчин дом. Штетите од претходното општинско раководство предводено од ВМРО-ДПМНЕ во однос на урбанистичкото планирање се веќе направени. Градоначалникот Златко Марин и новото општинско раководство остануваат цврсто на заложбите за зголемување на зелените површини и гарантирање похумани услови во општината“, велат од кабинетот на градоначалникот Златко Марин.

    Во моментов зградата кај Мајчин дом не се гради. Помина рокот со кој Општината привремено ја стопираше изградбата поради неправилности на градилиштето. Инвеститорот „ЗСФ – ком“ најави дека ќе продолжи со градба.

    Советот на Општина Аеродром под водство на ВМРО-ДПМНЕ и во мандатот на градоначалникот Ивица Коневски, на 5 април 2017 ненадејно го усвои Деталниот урбанистички план И10, за кој советниците од тогашната опозиција предупредуваа дека ќе предизвика еколошка катастрофа, оти предвидува уништување на зелени површини кај Мајчин дом и покрај Вардар, а на местото на сегашни градби и зеленило превидува паркинзи.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари