УСТАВЕН СУД ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА УРБАНИСТИЧКИОТ ПЛАН ЗА ТАФТАЛИЏЕ 1

    УСТАВЕН СУД ЌЕ ОДЛУЧУВА ЗА ПОНИШТУВАЊЕ НА УРБАНИСТИЧКИОТ ПЛАН ЗА ТАФТАЛИЏЕ 1Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста за донесување на спорниот ДУП кој го опфаќа потегот од булеварот Партизански одреди, улица Московска, булевар Македонија и булевар 8-ми Септември.- Од ланскиот протест на жителите на Карпош на кои бараат бараа стопирање на плановите (Фото:СДК.МК)

    Деталниот урбанистички план за Тафталиџе 1, кој беше донесен лани на 5 јануари ќе се најде пред Уставен суд.

    Уставниот суд поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста за донесување на спорниот ДУП кој го опфаќа потегот од булеварот Партизански одреди, улица Московска, булевар Македонија и булевар 8-ми Септември. Со планот се предвидува во зеленилото да никнат нови згради.

    „Општина Карпош, при изготвувањето на оспорениот детален урбанистички план не ги почитувала наведените уставни и законски одредби, односно направен бил пропуст во постапката за донесување на наведениот ДУП, на начин што Одлуката за неспроведување на Стратегиска оцена за влијание на животната средина и формуларот не била објавена на веб-страната на Општина Карпош, што била обврска предвидена со Законот за животната средина. Со необјавувањето на Одлуката за неспроведување на Стратегиска оцена за влијание на животната средина, на подносителите им било оневозможено правото на жалба по таа одлука кое им припаѓало според член 65 став 11 од Законот за животната средина. Поради наведеното, се предлага Уставниот суд да поведе постапка за оценување на уставноста и законитоста на оспорената одлука и истата да ја поништи.“, се вели во образложението на Уставниот суд.

    Исто така, се предлага Уставниот суд, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти или дејствија преземени врз основа на оспорената одлука.

    Деталниот урбанистички план за Тафталиџе 1 и Карпош 4 беше донесен на Бадник во 2016 година, за време на мандатот на ексградоначалникот Стевчо Јакимовски. Граѓанските иницијативи „Ние сме Карпош 4“ и „Зелено Тафталиџе“ по ваквата одлука неколкупати организираа протести и маршеви во општината барајќи да престане бетонизацијата на општината.

    А. АНТЕВСКА

     

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира