В БОЛНИЦА СЕ 24 БИТОЛЧАНИ ПОВРЕДЕНИ ПАЃАЈЌИ НА СНЕГОТ И ГОЛОМРАЗИЦИТЕ

    В БОЛНИЦА СЕ 24 БИТОЛЧАНИ ПОВРЕДЕНИ ПАЃАЈЌИ НА СНЕГОТ И ГОЛОМРАЗИЦИТЕПоради снегот кој наврна деновиве во Битола и ниските температури, улиците и тротоарите се лизгави и се препорачува внимателно движење. (Фото: СДК.МК)

    Седуммина битолчани со скршеници се јавиле за лекарска помош на Одделението за ортопедија при Клиничката болница во Битола, а седумнаесетмина на Ургентното одделение со повреди при пад по снегот и голомразиците, соопшти директорката на болницата д-р Ненси Лозанче.

    Од седумте пациенти на Ортопедија, пет биле оперирани и се во добра состојба, а на другите двајца им се пружа исто така соодветен медицински третман. Д-р Лозанче вели дека ова се исти бројки како минатата година. Според ова, досега нема зголемен број на пациенти со повреди и скршеници при пад.

    Поради снегот кој наврна деновиве во Битола и ниските температури, улиците и тротоарите се лизгави и се препорачува внимателно движење. Од Општина Битола велат дека зимските служби се на терен и се чистат улиците, но оти во некои делови не можат да влезат поради паркирани возила. Проодни се патиштата кон околните села, освен кон Гопеш, за каде се прават обиди патот да се пробие.

    Битолчани реагираат дека низ сообраќајниците во градот се замрзнати делови од снегот, па возењето по нив не е рамно и можни се оштетувања на возилата.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира