ВИКЕНДОВ ЌЕ ЈА ЗАВРШИМЕ УЛИЦАТА КАЈ ЗЕЛЕНО ПАЗАРЧЕ, ВЛЕЗОТ ВО СКОПЈЕ Е ГОТОВ, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ

    ВИКЕНДОВ ЌЕ ЈА ЗАВРШИМЕ УЛИЦАТА КАЈ ЗЕЛЕНО ПАЗАРЧЕ, ВЛЕЗОТ ВО СКОПЈЕ Е ГОТОВ, ВЕЛИ ШИЛЕГОВУлицата 11 Октомври почна да се прави минатата среда и оттогаш во центарот на градот се создаваат гужви, метеж и колони возила од Црвен крст до Рекорд.(фото: Ѓ.Личовски)

    За време на продолжениот викенд ќе заврши реконструкцијата на улицата 11 Октомври кај Зелено пазарче. Овој потег почна да се прави минатата среда и оттогаш во центарот на градот се создаваат гужви, метеж и колони возила од Црвен крст до Рекорд.

    Градоначалникот Петре Шилегов вели дека денеска и утре ќе се асфалтира коловозот, а за време на продолжениот викенд ќе се работи на крстосницата кај Собранието.

    „Очекувам после продолжениот викенд овој потег целосно да биде завршен. Синоќа завршивме со асфалтирање на булеварот Александар Македонски на потегот од влезот на Скопје кон Автокоманда во должина од околу 5,3 километри и од денеска е пуштен во сообраќај. Гужвите поминаа, квалитетната инфраструктура останува“, вели градоначалникот Шилегов.

    Градежните активности за реконструкција на булеварот Александар Македонски  од денеска продолжуваат во правец кон излезот на Скопје, исто така, во должина од 5,3 километри. На овој потег по завршување на коловозот ќе се работи на изградба на велосипедска патека, за што Градот изврши експропријација на земјиште.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира