ВИСОК НАПОН НА СТРУЈА ГО ПРЕДИЗВИКАЛ ПОЖАРОТ НА ТРАНСФОРМАТОРОТ НА БЛОК 3 ВО РЕК

    ВИСОК НАПОН НА СТРУЈА ГО ПРЕДИЗВИКАЛ ПОЖАРОТ НА ТРАНСФОРМАТОРОТ НА БЛОК 3 ВО РЕКПрвичните, неофицијални наоди говорат дека пожарот го предизвикал висок напон кој дошол до трансформаторот преку електроенергетскиот систем, соопштија од ЕСМ. (Фото: СДК.МК)

    Стручни лица од РЕК Битола, со поддршка на екипи од МЕПСО и ЕВН Македонија, како и експерти од Техничките факултети во Битола и Скопје, интензивно работат на оспособување на трансформаторот на Блок 3 кој беше оштетен во пожарот минатиот петок, соопштија од ЕСМ.

    Првичните, неофицијални наоди говорат дека пожарот го предизвикал висок напон кој дошол до трансформаторот преку електроенергетскиот систем, соопштија од Компанијата.

    Генералниот директор на АД ЕСМ, Васко Ковачевски и директорот на производство на АД ЕСМ, Благојче Трповски при посетата на РЕК Битола најавија формирање на експертски тим од енергетските компании кој ќе ги дефинира чекорите за спречување на слични појави во иднина.

    Во РЕК Битола продолжуваат и завршните активности за заокружување на процесот на нега на Блок 2 кој в недела треба да биде ставен во функција. Во меѓувреме РЕК произведува струја со Блок 1.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

     

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира