ВЛАДАТА ИТНО ДА ИМ ПОМОГНЕ НА ОПШТИНИТЕ ОТИ СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈА СЕ ПЕТКРАТНО ЗГОЛЕМЕНИ, БАРА СКОПСКАТА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА АРСОВСКА

    ВЛАДАТА ИТНО ДА ИМ ПОМОГНЕ НА ОПШТИНИТЕ ОТИ СМЕТКИТЕ ЗА СТРУЈА СЕ ПЕТКРАТНО ЗГОЛЕМЕНИ, БАРА СКОПСКАТА ГРАДОНАЧАЛНИЧКА АРСОВСКАГрадоначалниците кажаа дека сметките за струја им се петкратно зголемени и затоа бараат Владата да ја покрие разликата. (Фото: Принтскрин од видео на МИА)

    Претседателката на Заедницата на единиците на локална самоуправа (ЗЕЛС) и градоначалничка на Град Скопје Данела Арсовска, денеска побара Владата итно да им даде финансика помош на Општините кои поради економската криза се наоѓаат во тешка состојба. Како што кажа Арсовска, на втората седница на ЗЕЛС било заклучено дека Општините нема да можат да ја издржат сегашната цена на стујата, бидејќи сметките им се петкратно зголемени.

    „Владата да преземе одговорност и да помогне на Општините. Не е време за политички игри, сите Општини се наоѓаат во аларментна состојба. Како што кажаа градоначалниците, сметките за струја сега само за два месеца им се колку буџетот за оваа намена за цела година. Нарушена е ликвидноста, а можни се рестрикции кои можат да предизвикаат прекин на услугите кон граѓаните, особено од јавните претпријатија. Бараме Владата да интервенира односно да се даде помош за да се покрие разликата во цената на струјата. Сметаме дека состојбата со цената на електричната енергија не е ставена под контрола како во другите земји. Нема правила на пазарот, а тие правила ги диктира Владата и Регулаторната комисија за енергетика“, рече Арсовска на денешната прес-конференција во ЗЕЛС и дополни дека испратиле барање за средба со Владата.

    Како за пример, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров Александар Стојкоски кажа дека пред енергетската криза месечната сметка на струја била 700.000 денари, а сега 3 милиони денари.

    Арсовска кажа дека со нискиот степен на децентрализација, Општините се зависни од Владата и затоа ќе бара измена на Законот за финансирање на Општините и сериозно зголемување на стапката од собран ДДВ и персонален данок.

    „Пет месеци се доцни за преземање мерки за ублажување на ефектите од кризата, Ова е алармантна состојба и политиките треба да ги прави Владата како секаде во другите земји. Не може да се очекува од општина на општина да се решаваат проблемите кои се од национален интерес. Владата и досега покривала долгови, а немало ваква криза. Сега е вистинскиот момент да се помогне“, додаде Арсовска.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира