ВМРО-ДПМНЕ СЕ РЕБРЕНДИРА СО НОВА ПОЛИТИЧКА СТРАТЕГИЈА „МАКЕДОНИЈА ЗА СИТЕ ЛУЃЕ“, ОБЈАВИ МИЦКОСКИ НА 31. РОДЕНДЕН

    ВМРО-ДПМНЕ СЕ РЕБРЕНДИРА СО НОВА ПОЛИТИЧКА СТРАТЕГИЈА „МАКЕДОНИЈА ЗА СИТЕ ЛУЃЕ“, ОБЈАВИ МИЦКОСКИ НА 31. РОДЕНДЕНМицкоски на прославата во Охрид го промовира и го новото визуелно ребрендирање на партијата со црвена, црна и жолта боја. (Фото: СДК.МК)

    Новата политичка стратегија на ВМРО-ДПМНЕ е „Македонија за сите луѓе“, а ја промовираше лидерот Христијан Мицкоски вечерва на прославата на 31. роденден на партијата во Античкиот театар во Охрид. Мицкоски кажа дека ова е „платформата со којашто партијата ќе допре до секое срце на секој еден граѓанин“.

    „Силата која што ќе ги обедини сите искрени и чесни граѓани кои си ја сакаат земјата и кои сакаат својата иднина да ја градат овде, во Македонија. Време е да зборуваме за иднината, да му кажеме на народот што е нашата визија, мојот сон за нашата заедничка Македонија. Време е да се крене земјата од оваа национална и економска девастација. Време е да се победат неморалот, кичот и парадерството“, рече Мицкоски нагласувајќи дека Македонија е „на македонскиот народ и сите граѓани кои слободно живеат под ова небо“.

    Промовирајќи го новото визуелно ребрендирање на партијата Мицкоски рече дека партиските бои црвена и црна и државните црвена и жолта се боите на Македонија и ВМРО.

    „Но измеѓу постојат повеќе нијанси, коишто опфаќаат повеќе категории на луѓе кои имаат свои специфики, аспирации, желби, капацитети, потреби, светогледи и вредности. Но сите нив и покрај можеби разликите кои постојат, сите нив ги обединува големата љубов кон Македонија, нивниот патриотизам, посветеност и одговорност, нивната трудољубивост, чесност и идеали. И нивната бескомпормисност да се борат и да победат против мафијата на власт, за да ја турнат мафијата од власт, за да стане Македонија на нозе. Затоа, трите бои на патриотизмот прераснуваат во осум кои исто така се патриотски, сè со цел да претставиме дека помеѓу нас некогаш може да има разлики, но кога Македонија е во прашање, сите сме едно и сите сме на браникот“, рече Мицкоски на прославата во Охрид.

    С. ВРЕНЦОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира