ВО АМЕРИКА СУМ КАКО ДОМА, ВЕЛИ ТЕУТА АРИФИ НО НЕ КАЖУВА ДАЛИ ЌЕ БИДЕ АМБАСАДОРКА ВО САД

    ВО АМЕРИКА СУМ КАКО ДОМА, ВЕЛИ ТЕУТА АРИФИ НО НЕ КАЖУВА ДАЛИ ЌЕ БИДЕ АМБАСАДОРКА ВО САДГрадоначалничката Арифи вели дека засега приоритет ѝ е Општина Тетово. (Фото: СДК.МК)

    Градоначалничката на Општина Тетово Теута Арифи, денеска ниту ги потврди ниту ги демантираше информациите дека е можна идна амбасадорка на Република Северна Македонија во САД. Таа рече дека засега приоритет ѝ е Општина Тетово.

    „За мене тое е едно големо почитување, дека во САД секогаш сум се чуствувала како дома, и тоа е едно големо почитување со оглед на фактот дека за тоа се зборува. Но, уште две години имам обврски кон граѓаните на Тетово кои ме избраа и јас би го завршила , а потоа сите опции се отворени“, изјави денеска Арифи на предавањето донација од Јапонија за Клиничката болица од Тетово.

    З. АНДОНОВ

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари