ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА СДСМ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ГИ УТВРДИ ИСТИТЕ КАДРИ, А ВМРО-ДПМНЕ ОДИ СО НОВИ

    ВО ИСТОЧНА МАКЕДОНИЈА СДСМ ЗА ГРАДОНАЧАЛНИЦИ ГИ УТВРДИ ИСТИТЕ КАДРИ, А ВМРО-ДПМНЕ ОДИ СО НОВИВо Штип покрај Сашко Николов од СДСМ и Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ, кандидатура за градоначалник поднесе и поранешниот советник Ванчо Санев кој е номиниран од коалицијата граѓанско движење во центарот на ДОМ и ЛДП. (Фото: СДК.МК)

    Во градовите во источна Македонија кандидати за градоначалници на СДСМ ќе бидат досегашните градоначалници, а ВМРО –ДПМНЕ изборната трка ќе ја води со нови имиња.

    Во Кочани противници ќе бидат Николчо Илиев од СДСМ и Љупчо Папазов од ВМРО-ДПМНЕ. Во Берово Звонко Пеќевски и Елеонора Рашковска, во Делчево Горан Трајковски и Никола Стоименовски, во Свети Николе Сашо Велковски и Дејан Владев, во Карбинци Јордан Насев и Виктор Паунов, во Пробиштип Драган Анастасов и Маријан Миленковски, во Виница Ивица Димитров и Миле Петков, во Пехчево Славчо Пандурски и Александар Китански, во Зрновци Виктор Ангелов и Борче Коцев, во Чешиново-Облешево Горан Крстев и Димитар Ангелов и во Македонска Каменица од СДСМ досегашната градоначалничка Соња Стаменковска против Димчо Атанасовски.

    Токму во Македонска Каменица изборната трка ќе биде најинтересна, затоа што спомнатите кандидати од водечките партии ќе имаат мошне силна конкуренција од тројцата независни кандидати Перо Митревски, Ангелчо Георгиевски и Миран Митревски, кои ги собраа потребните потписи и имаат свои советнички листи. Во оваа Општина која има 8.000 жители и прв пат се случува гласачкото тело од 6.400 избирачи со право на глас да избира меѓу петтмина кандидати за градоначалник.

    Во овој регион засега помалите партии немаат предложено свои кандидати за градоначалник, со исклучок на Штип каде на веќе утврдените кандидати Сашко Николов од СДСМ и Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ ќе им се спротивстави поранешниот советник Ванчо Санев, кој е номиниран од коалицијата граѓанско движење во центарот на ДОМ и ЛДП.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира