ВО ОПШТИНА ТЕТОВО ИМА 340 РЕДОВНО ВРАБОТЕНИ И НАД 350 ХОНОРАРЦИ КОИ НЕ ДОАЃАЛЕ НА РАБОТА, КАЖА КАСАМИ

    ВО ОПШТИНА ТЕТОВО ИМА 340 РЕДОВНО ВРАБОТЕНИ И НАД 350 ХОНОРАРЦИ КОИ НЕ ДОАЃАЛЕ НА РАБОТА, КАЖА КАСАМИКасами кажа дека сите договори за дело ќе се преиспитаат бидејќи имало голем број лица кои само земале плата, а воопшто не оделе на работа.(Фото: СДК.МК)

    Во времето на досегашната градоначалничка на Општина Тетово, Теута Арифи, во општинската администрација имало ангажирано над 350 лица со договор за дело и 340 лица кои биле во редовен работен однос.

    Новоизбраниот градоначалник Билал Касами, презентирајќи ги проекти кои ќе ги направи во првите 100 денови од преземањето на функцијата градоначалник на Општина Тетово, порача дека сите овие договори за дело ќе се преиспитаат бидејќи имало голем број лица кои само земале плата, а воопшто не оделе на работа.

    „Како еден од приоритетите во првите 100 дена од мојот мандат одлучив да направам преглед и откривање на сите незаконски договори кои имаат финансиски последици по буџетот на Општината, комуналните претпријатија, училиштата и градинките. Досега имало потпишано над 350 договори за дело за лица кои и не знаеме што работи вршеле за потребите на Општината, а во Општината има и 340 редовно вработени. Мое решение е сите договори за дело да се раскинат. Општинските служби прават анализи дали тие договори се реализирани и дали плаќањата по тие договори се во согласност со законот. За сé што е платено спротивно на законот ќе побарам тие средства да се вратат во буџетот на Општината. Сепак, сé додека не се раскинат овие договори тие ќе одат на работа, а за оние кои не оделе на работа а земале плата, за нив ќе има посебен извештај од администрацијата“, изјави градоначалникот Билал Касами.

    Меѓу приоритетните работи што ќе ги направи во првите 100 дена, Касами најави преглед на Генералниот и деталните урбанистички планови, директен пренос од седниците на Советот на општина Тетово, чистење на сметот од улиците, контејнери за селекција на отпадот, завршување на веќе започнатите реконструкции на улиците, а градскиот паркинг привремено ќе биде бесплатен. Касами исто така рече дека ќе се отстрануваат столпчињата на велосипедската патека по улица Илинденска бидејќи, како што рече, за тоа имало донесена судска одлука дека тие незаконски се поставени.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира