ВО ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ НЕМА АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ, ВРАБОТЕНИТЕ НЕМААТ ЗЕМЕНО ПЛАТА ЗА ДЕКЕМВРИ

    ВО ПОНЕДЕЛНИК ЌЕ НЕМА АВТОБУСИ ВО СКОПЈЕ, ВРАБОТЕНИТЕ НЕМААТ ЗЕМЕНО ПЛАТА ЗА ДЕКЕМВРИ

    Во понеделнк нема да возат автобусите на ЈСП „Скопје“ затоа што вработените во градското претпријатие немаат земено плата за декември. Нема да работи ни администрацијата, ниту возачите. 

    ЈСП „Скопје“ не може да подели плата затоа што одлуката за доделување на субвенции во висина од 11 милиони евра од Град Скопје не помина затоа што за неа не гласаа советниците од ВМРО-ДПМНЕ.

    Законски рок за исплата на плата е 15 јануари, денеска сме 18 јануари, а плата немаме добиено, ниту има пари да се подели бидејќи претпријатието нема пари. Бараме итно да се свика седница и да се подели плата“, вели Миќо Стојановски од синдикатот на ЈСП.

    Од синдикаторот на ЈСП велат ако до недела не се закаже вонредна седница на која ќе се доделат субвенции, в понеделник престануваат да работат.

    Градоначалничката Данела Арсовска вели дека таа свикала вонредна седница, но точката за субвенции за ЈСП претседателот на Советот Трајко Славески ja отстранил од дневниот ред.

    Како што можете да видите побаравме нова вонредна седница, истата сѐ уште не е свикана до овој ден. Доколку сакаат свесно да ги уништат претпријатијата, одговорноста е нивна, ние од наша страна сѐ што сме можеле сме направиле. Од нивното однесување на луѓето им зависи егзистенцијата, но и целосното функционирање на Скопје“, рече Арсовска.

    Претседателот на Советот на Град Скопје Трајко Славески вели дека Арсовска не дошла на вонредната седница и затоа не била ставена на дневен ред оваа точка.

    Точката за субвенции ќе ја ставев после вонредната седница, но таа не се одржа затоа што Арсовска не дојде, очигледно имала партиски активности. Советнциите гласаат по сопствено убедување, но не може Градот постојано да дава пари на ЈСП, а никаква траспарентност да нема како се трошат парите“, вели Славески.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира