ВО ПРИЛЕП АРМИЈАТА ЌЕ СОЗДАВА РЕД ПРЕД БАНКИТЕ И МАРКЕТИТЕ

    ВО ПРИЛЕП АРМИЈАТА ЌЕ СОЗДАВА РЕД ПРЕД БАНКИТЕ И МАРКЕТИТЕПред маркетите и банките поставени се налепници за одржување на препорачаното растојание меѓу граѓаните од минимум два метра. (Фото: СДК.МК)

    Пред банките и маркетите низ градот, Општина Прилеп постави налепници за одржување на препорачаното растојание меѓу граѓаните од минимум два метра. Од општината велат дека налепниците ги ставиле бидејќи граѓаните не ги почитуваат препораките на Владата, Министерството за здравство и Општинскиот кризен штаб, и секојдневно се создавале гужви пред маркетите и банките.

    „Истовремено, во обезбедување на редот пред банките и маркетите, каде и покрај бројните апели за држење на растојание се создаваат непотребни гужви, од денеска ќе бидат вклучени и претставници на Армијата на Република Северна Македонија“, велат од Општина Прилеп.

    Во Прилеп досега има 72 случаи на лица заразени со КОВИД-19, а едно лице е починато. Поради прогресијата на заразени лица вчера градоначалникот Илија Јованоски побара помош од Армијата.

    „Мора до го спречиме групирањето и гужвите пред банките и маркетите во градот. Компаниите каде има потврдени случаи на нивни вработени кои се заразени со коронавирус, во вакви услови не смеат ниту да помислат повторно да ги активираат своите производствени капацитети, сè додека не се создадат услови за работа, според проценките на стручните служби“, кажа градоначалникот Јованоски.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира