ВО ШТИП И СТОГОДИШНИЦИ СЕ ВАКЦИНИРААТ ПРОТИВ КОВИД-19

    ВО ШТИП И СТОГОДИШНИЦИ СЕ ВАКЦИНИРААТ ПРОТИВ КОВИД-19Највозрасната пријавена во Штип има 102 години, а денеска се вакцинираа повеќемина над 90 години. (Фото: СДК.МК)

    Масовната вакцинација во Штип започна денеска и тоа со вакцинирање на највозрасната група граѓани, меѓу кои  и многумина над 90 години, а највозрасната пријавена има 102 години.

    Штипјанката Драга Михајлова има 91 година и без некоја посебна помош пристигна во Вакциналниот пункт каде без проблем прими вакцина. Во нејзина близина беше и деведесетгодишната Василка Христова од струмичкото село Радово. Ѝ помагаа синот и внукот.

    „Во списокот има граѓани и со сто години, а една жена е евидентирана дека има 102 години и е највозрасниот жител што се пријавил за вакцинирање. Досега не дошла, но можеби ќе прими вакцина во текот на утрешниот ден. Со оглед на пријавеноста, поголема масовност се очекува наредните денови кои се предвидени за граѓани над 70 години“, вели раководителот на штипскиот пункт Дијана Коцева-Миланова.

    Регионалниот центар во Штип предвидува дневно да се вакцинираат од 1.000 до 2.000 граѓани од сите градови во Источна Македонија, како и од Струмица и Струмичкиот Регион. Досега се добиени 5.000 вакцини од кинеската „Синофарм“, а наредните денови се очекуваат уште 10.000 дози. Ако има поголем интерес, ќе бидат пуштени уште вакцини од истиот призводител.

    Вакцинирањето се спроведува во 22 пункта, а го опслужуваат десетина доктори и 20 медицински сестри во една смена. Им помагаат волонтери на Црвениот крст и студенти на Медицинскиот факултет во Штип.

    Заинтересирани граѓани  треба да се пријават за вакцинација на веб страната vakcinacija.mk ,со што добијат термин и ќе бидат повикани да ја примат вакцината.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.


      ГЛАСНО - во САКАМДАКАЖАМ.МК пријавете проблеми во здравствениот систем


      Почитувани читатели, ни треба вашата помош за заедно да ги откриеме, истражиме и придонесеме за решение на какви било проблеми што го отежнуваат или оневозможуваат пристапот до квалитетна услуга во јавното здравство. Пишете ни за вашите проблеми со здравствените институции низ целата земја. Ви благодариме на довербата.

      Симнете ја мобилната апликација

      ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира