ВО ТЕТОВО ПОВТОРНО РЕСТРИКЦИИ ВО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ПОРАДИ ДЕФЕКТ НА ЦЕВКА, ЌЕ СЕ САНИРА НАЈМАЛКУ ДВА ДЕНА

    ВО ТЕТОВО ПОВТОРНО РЕСТРИКЦИИ ВО ВОДОСНАБДУВАЊЕТО ПОРАДИ ДЕФЕКТ НА ЦЕВКА, ЌЕ СЕ САНИРА НАЈМАЛКУ ДВА ДЕНАПоради многу снег на планината, било многу тешко да се пристапи до локацијата (Фото: ЈКП „Тетово“)

    Тетовци повторно имаат проблеми со водоснабдувањето. Поради дефект на водоводната цевка со која се зафаќа вода од реката Пена кај месноста Лешница, Тетово има недостаток од најмалку 100 литри вода во секунда. И овојпат, тоа најмногу се чувствува во повисоките реони на градот, па деновиве се воведоа рестрикции во водоснабдувањето. Тие се во периодот од еден до пет часот и од 13 до 16 часот. Од ЈКП „Тетово“ велат дека работат на отстранувањето на дефектот, но тоа оди бавно поради тешко достапниот терен.

    „Првите проблеми ги забележавме во петокот. Следниот ден дотокот на вода се намали од 130 на 80 литри во секунда. Откривме дека дефектот се случил на 11. километар од пречистителната станица. Поради големите количини снег на планината и тешкиот терен, беше многу тешко да се пристапи до локацијата, како за луѓето, така и за механизацијата. Направивме патека за да ги донесеме опремата и потребниот материјал за санација и од денеска почнуваме со отстранувањето на дефектот. Се надеваме дека во наредните два дена ќе успееме да го санираме. Целиот цевковод поминува низ многу тешки планински предели. Лоциравме 8-9 критични точки кои постојано се во висок ризик од дефекти“, вели раководителот на РЕ „Водовод“ Љуљзим Шабани.

    Со старите извори и со активирање на бунарите, кои се користат во вакви кризни моменти, Тетово во овој момент добива околу 200 литри вода во секунда, но за нормално снабдување на градот недостасуваат уште најмалку 100 литри во секунда, па додека не се санира дефектот остануваат рестрикциите.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира