ВОДАТА ЌЕ ПОЕВТИНИ, АМА ЌЕ ПЛАЌАМЕ ПОСКАПИ СМЕТКИ ПОРАДИ НОВА ДАВАЧКА ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНИ СТАНИЦИ

    ВОДАТА ЌЕ ПОЕВТИНИ, АМА ЌЕ ПЛАЌАМЕ ПОСКАПИ СМЕТКИ ПОРАДИ НОВА ДАВАЧКА ЗА ПРЕЧИСТИТЕЛНИ СТАНИЦИСкопјани ќе плаќаат 2,4 денари за кубен метар потрошена вода за новата давачка за одржување на пречистителни станици кои сега ги презема ЈП „Водовод и канализација“. (Фото: М. Златевска)

    Цената на водата ќе поевтини, но ќе плаќаме повисоки сметки бидејќи се воведува нова давачка за одржување на пречистителни станици.

    Со одлука на Регулаторната комисија, општините се обврзуваат во сметките за вода да вметнат ставка за одржување на пречистителни станици. Врз основа на таа одлука Град Скопје одлучи новата давачка да ги чини граѓаните 2,4 денари за метар кубен потрошена вода, додека цената на водата ја намалуваат од 29,39 денари за кубен метар на 28,67 денари.

    „Врз основа на обврската која произлезе од одлуката на Регулаторна комисија ние ја земавме најниската цена. Ја намаливме цената на водата а ја земавме најниската цена за давачката за одржување на пречистителни станици. Со тоа на сметка за вода од 500 денари сега граѓаните ќе плаќаат 522 денари. И ова што го правиме не е затоа што го сакаме туку е наша законска обрвска наложена од Регулаторна комисија. Парите ќе се наменат за одржување на пречистителните станици за отпадни води на реката Лепенец во Волково и за онаа пред езерото Треска“, рече градоначалникот Петре Шилегов.

    За одржување на пречистителните станици на годишно ниво потребни се 100 милиони денари. Со новата давачка во сметките на годишно ниво ќе се обезбедат околу 75 милиони евра а останатиот дел ќе се покрие со пари од ЈП „Водовод и канализација“. Од претпријатието велат дека ваквата нова ставка е согласно европската регулатива.

    Новата давачка ќе биде ставена во сметките за вода за февруари, а треба да се изгласа на Советот на Град Скопје наредната недела.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира