ВОЛОНТЕРИ ОД БЕЛГИЈА И КОСОВО НАПРАВИЈА СКЕЈТ ПАРК ВО ТЕТОВО

    ВОЛОНТЕРИ ОД БЕЛГИЈА И КОСОВО НАПРАВИЈА СКЕЈТ ПАРК ВО ТЕТОВОИзградена е рампа за скејтборд активности, поставени се клупи, има две шаховски табли, засадено е цвеќе, а просторот е украсен со цртежи на волонтерите (Фото: СДК.МК)

    Осумдесет волонтери од Белгија, Косово и Македонија го изградија првиот скејт парк во Тетово. Просторот спроти автобуската станица, кој досега беше целосно запуштен и обраснат со трева и растенија, сега е претворен во место за скејтерите од градот. Изградена е рампа за скејтборд активности, поставени се клупи, има две шаховски табли, засадено е цвеќе, а просторот е украсен со цртежи на волонтерите.

    „Преку волонтерска работа на младите од Белгија, Косово и Тетово бевме сведоци на трансформацијата на ова место. Со ова праќаме многу важна порака за сите граѓани на Тетово дека со волонтерство можеме многу да придонесеме за унапредување на нашата заедница. Во уредувањето на овој простор беа вклучени 45 млади луѓе од Белгија, 15 од Косово и повеќе од дваесетина од Тетово. Овој простор сега им се остава на граѓаните на Тетово тие да иницираат активности кои ќе бидат овде организирани“, изјави Сефер Селими од невладината организација „Демокраци лаб“ од Тетово.

    Градоначалничката на Општина Тетово Теута Арифи рече дека Општината го отстапила просторот за да може овој дел да прерасне во место за рекреација и дружење на тетовци и најави дека јавното комунално претпријатие во наредните денови ќе го заврши средувањето на овој скејт парк и ќе постави осветлување.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира