ЗА 10 ДЕНАРИ ПОСКАПЕ ПАРКИРАЊЕТО ВО ДЕБАР МААЛО, БУЊАКОВЕЦ И КАПИШТЕЦ

    ЗА 10 ДЕНАРИ ПОСКАПЕ ПАРКИРАЊЕТО ВО ДЕБАР МААЛО, БУЊАКОВЕЦ И КАПИШТЕЦВо Дебар Маало наместо 40 денари е паркирањето е 50 денари, додека во Капиштец и Буњановец од 30 денари цената е зголемена на 40 денари и дозволеното време за паркирање од 3 се намалува на 2 часа.(Фото: ПОЦ)

    Поскапе зонското паркирање во Дебар Маало, Капиштец и Буњаковец. Од вчера еден час паркирање на зонските паркиралишта со кои стопанисува ЈП „Паркинзи Општина Центар“ во Дебар Маало наместо 40 денари е 50 денари, додека во Капиштец и Буњаковец од 30 денари паркирањето е зголемено на 40 денари.

    Директорот на ЈП „Паркинзи Општина Центар“ Васко Кичевски вели дека направиле промена на опфатот на зоните, па со тоа тие добиле и нови цени. Со промена на опфатот се менува и дозволеното време за паркирање односно сега во населбите Капиштец и Буњаковец возилата ќе можат да се паркираат само два, наместо 3 часа.

    „Поради големите гужви направена е измена на зоните. Досега зона 01 беше само Градски парк каде паркирањето е 50 денари и сега во таа зона влегува и Дебар маало. Капиштец и Буњаковец од зона 2 преминуваат во зона 1 каде еден час паркирање чини 40 денари. Населбата Пролет останува во зона 2 каде паркирањето е 30 денари од час“, вели Кичевски.

    Од претпријатието велат дека за побрзо информирање на граѓаните за промените во зонската поделба, обновени се старите 99 информативни табли, а во наредните неколку дена ќе постави и 88 нови табли, што значително ќе им го олесни користењето на услугите на граѓаните коишто ги користат паркиралиштата со кои стопанисува претпријатието.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира