ЗА ДА НЕ Ѝ СЕ ПОСТАВУВААТ ПРАШАЊА, АРСОВСКА ГО СЛАВЕШЕ САМА СО ПОЖАРНИКАРИТЕ НИВНИОТ ПРАЗНИК

    ЗА ДА НЕ Ѝ СЕ ПОСТАВУВААТ ПРАШАЊА, АРСОВСКА ГО СЛАВЕШЕ САМА СО ПОЖАРНИКАРИТЕ НИВНИОТ ПРАЗНИКГрадоначалничката Данела Арсовска не испрати покана до медиумите да присуствуваат на прославата и одбележувањето на денот, што досега не се случило од ниту еден градоначалник било да е од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ЛДП или независен кандидат. (Фото: К.Попов)

    Медиумите денеска прв пат во историјата на независна Македонија не добија покана за одбележувањето на Денот на пожарникарите – 20 мај, во скопската Противпожарна бригада. Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска не испрати покана до медиумите да присуствуваат на прославата и одбележувањето на денот, што досега не се случило од ниту еден градоначалник било да е од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ЛДП или независен кандидат односно ниту од Ристо Пенов, Трифун Костовски, Коце Трајановски или Петре Шилегов.

    Говорот на градоначалничката Арсовска го слушаа само пожарникарите, а нивните проблеми и заслуги кои ги имаат како херои на градот не можеа да бидат снимени и пренесени во јавноста оти медиуми немаше. Градот ќе прати соопштение со слики кои градоначалничката сама си ги избира. На настанот беа повикани само скопските градоначалници.

    Арсовска постојано ги избегнува медиумите за да не ѝ се поставуваат прашања. Не свикува прес-конференции, не одржува брифинзи со новинари, не одговара на новинари ниту на телефонски повици, смс и вибер пораки. Одговори ретко се добиваати од нејзниот кабинет. За секоја критика, или прашање што не ѝ се допаѓа одговара дека „ја напаѓаат“, а со медиумите комуницира исклучиво преку соопштенија и специјални емисии.

    Град Скопје седум месеци нема ниту портпарол односно откако Арсовска е дојдена на функција. Непосредно по нејзиното доаѓање на функција беше назначен портпарол, но само за три недели тој си даде оставка. Како што велат извори од Град Скопје за САКАМДАКАЖАМ.МК прашањата од новинарите не се одговаараат бидејќи се чека одобрување од градоначалничката, а таа не ги дава. Најчесто на службите им одговарала: „Ингнорирај ги“, „Не им одговарај“, „Нека ѕвонат…“ 

    Откако ќе се појави текст во кој стои дека Градот не дава изјави, од таму пуштаат реакции дека текстовите се “тендециозни“, „лажни вести“, „напаѓачки“, а за проблемите е виновно претходното раководство.

    Арсовска не се појави ниту на последната седница за советнички прашања минатата недела за да одговара на прашања од советниците кои ги добиваат од граѓаните. За своето отсуство не го извести ниту претседателот на Советот Трајко Славевски, кој не знаеше зошто ја нема иако е уредно поканета. Таа потоа, пак писмено соопшти дека била на суд. 

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира