ЗА ДА СЕ ЗАШТЕДАТ ПАРИ, ЈСП ЌЕ ГИ ПОПРАВА КОЛИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ И ВОЗИЛАТА НА ПОЖАРНА

    ЗА ДА СЕ ЗАШТЕДАТ ПАРИ, ЈСП ЌЕ ГИ ПОПРАВА КОЛИТЕ НА ГРАД СКОПЈЕ И ВОЗИЛАТА НА ПОЖАРНАОдлуката се носи насока за поефикасно, поекономично и пофункционално искористување на сите капацитети на Град Скопје. (Фото: СДК.МК)

    Во сервисот за автобуси на ЈСП „Скопје“ ќе се поправаат службените коли на Град Скопје и возилата за гасење пожар на Бригадата за противпожарна заштита. Градоначалничката Данела Арсовска, за да заштеди пари, предлага одржувањето на службените возила да го преземе јавното претпријатие, а одлуката ќе се најде на Советот на Град Скопје на седницата в понеделник.

    „Потребата за квалитетно одржување и сервис на возниот парк на Град Скопје за тој да биде во солидна функционална кондиција на сите  возила, сопственост на Град Скопје, вклучувајќи ги и специјалните возила на Пожарна потребно е да се врши ажурно и активно 24/7 во соодветни простории и капацитети, со кои располага ЈСП „Скопје“. Одлуката се носи со цел да се редуцираат финансиските трошоците на Град Скопје, во насока за поефикасно, поекономично и пофункционално искористување на сите капацитети и ресурси во надлежност на Град Скопје“, се вели во образложението на градоначалничката Арсовска до советниците.

    Според тендерот склучен лани во септември, за поправка и сервисирање на службените коли Град Скопје плаќа околу 50.000 евра годишно.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира