ЗА ДВА ДЕНА 13 ТЕТОВЧАНИ МЕСТО ВО КОВИД ИЗОЛАЦИЈА ЗАМИНАЛЕ ВО СТРАНСТВО

    ЗА ДВА ДЕНА 13 ТЕТОВЧАНИ МЕСТО ВО КОВИД ИЗОЛАЦИЈА ЗАМИНАЛЕ ВО СТРАНСТВООд денешните девет лица само едно било позитивно на ковид-19, додека другите имале добиено решение за домашна изолација поради контакт со друго заразено лице. (Фото: СДК.МК)

    Вчера 4 случаи, а денес СВР Тетово соопштува за уште 9 лица кои, иако биле ставени во домашна изолација, сепак ја напуштиле државата. Од нив едно лице е од Косово, а другите 8 се од Тетово, Мала Речица и Гостивар. Од овие девет лица само едно било позитивно на ковид-19, додека другите имале добиено решение за домашна изолација поради контакт со друго заразено лице.

    „Во периодот од 08.08. до 11.08.2021 година, полициски службеници од СВР-Тетово на подрачјето на Тетово и Гостивар извршиле проверка на лица на кои им е издадено решение за изолација и позитивни на ковид-19. Притоа, било констатирано дека Д. Л. од Косово, со престој во нашата држава, Љ. С.( 54) од Тетово, две малолетнички и нивната мајка А. Ќ. (37) од Тетово, М. Љ. (49) од Мала Речица, А. Х. (20) од Мала Речица, Б. Х. (35) од тетовски Лисец и М. З. (54) од Гостивар, сите со решение за изолација и домашно лекување, ја напуштиле државата“, соопштува портпаролот на СВР Тетово Фатмир Реџепи.

    Но, и покрај издадените решенија овие лица ја напуштиле државата и заминале во некоја од западноевропските земји. На патниците кои патуваат со автомобил при влез во повеќе западноевропски земји ретко им се бара ПЦР тест, па овие деветмина најверојатно ја искористиле таа можност да се вратат во земјата каде биле на привремена работа.

    З. АНДОНОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира