ЗА ЕДНА И ПОЛ ГОДИНА ВАРДАР ЌЕ ДОБИЕ КОЛЕКТОРИ ЗА ОТПАДНИ ВОДИ

    ЗА ЕДНА И ПОЛ ГОДИНА ВАРДАР ЌЕ ДОБИЕ КОЛЕКТОРИ ЗА ОТПАДНИ ВОДИМинистерството за животна средина со средства од Европската унија денеска стартуваше со градежни работи за изградба на колекторскиот систем, кој ќе ги собира отпадните води кои се влеваат во Вардар; - Министерот за животна средина Садула Дураки, евроамбасадорот Самуел Жбогар, францускиот амбасадор Кристијан Тимоние и градоначалникот на Скопје Петре Шилегов денес го означија стартот на градежните работи (Фото: Министерство за животна средина)

    До февруари 2020 година Скопје ќе добие колектори за третман на отпадните води во реката Вардар. Министерството за животна средина со средства од Европската унија денеска стартуваше со градежни работи за изградба на колекторскиот систем, кој ќе ги собира отпадните води кои се влеваат во Вардар. Изградбата на колекторскиот систем е предуслов да се гради пречистителната станица во Скопје.

    Изградбата на колекторскиот систем чини околу 10 милиони денари од кои околу 9 милиони евра се обезбедени од фондови на Европската унија, а останатиот дел од буџетот на државата.

    „Ова е еден од проектите кој е финансиран од ЕУ и директно влијае на заштитата на животната средина и населението. Проектот предвидува изградба на 8 километри канализациска мрежа од двете страни на Вардар. Со изградбата на овој систем водите во реката Вардар ќе станат чисти и задоволство ми е што преку фондови на ЕУ ќе се реализира еден овој значаен проект во Скопје“, рече евроамбасадорот Самуел Жбогар.

    Колекторскиот систем ќе го гради француската фирма „НГЕ“ која, како што кажа амбасадорот на Франција во земјава Кристијан Тимоние, при градежните работи ќе употреби најсовремена механизација, односно машини кои можат да вршат 6 метри длабоки ископи.

    По изградбата на колекторскиот систем со него ќе управува Град Скопје односно ЈП „Водовод и канализација“.

    А. АНТЕВСКА

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира

    Коментари