ЗА ПЕТ ОТСТО ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ ПЛАТАТА НА РАБОТНИЦИТЕ КОИ ГИ ЧИСТАТ УЛИЦИТЕ И ГО СОБИРААТ ЃУБРЕТО ВО СКОПЈЕ

    ЗА ПЕТ ОТСТО ЌЕ СЕ ЗГОЛЕМИ ПЛАТАТА НА РАБОТНИЦИТЕ КОИ ГИ ЧИСТАТ УЛИЦИТЕ И ГО СОБИРААТ ЃУБРЕТО ВО СКОПЈЕОдлуката за зголемување на бодот за пресметување на плати предложен од Управниот одбор на претпријатието беше усвоено на седницата на Советот на Град Скопје во средата, што значи дека од наредниот месец чистачите ќе добиваат поголема плата.(Фото: Град Скопје)

    За пет отсто ќе се зголеми платата на работниците во ЈП„Комунална хигиена“ кои ги чистат и метат улиците и го собираат ѓубрето од контејнерите.

    Одлуката за зголемување на бодот за пресметување на плати предложен од Управниот одбор на претпријатието беше усвоено на седницата на Советот на Град Скопје во средата, што значи дека од наредниот месец чистачите ќе добиваат поголема плата.

    Директорот на ЈП„Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани вели дека во 2018 година, оствариле позитивен финансиски резултат односно поголема добивка во работењето од 4 милиони денари во однос на истиот период минатата година и бил наплатен 100 милиони денари заостанат долг од претходните години.

    „Во изминатите 12 месеци беа собрани и транспортирани вкупно 140.809 тони комунален отпад, што е за 1,74 отсто повеќе од лани. Просечната потрошувачка на гориво по тура е намалена за 0,94 литри или за 4,23 отсто во однос на 2017 година, што се должи на поставените ГПС-уреди во камионите, со што се следи трасата на движење. Вкупно 490 дотраени контејнери на 140 микролокации во сите скопски општини ги заменивме со нови садови“, вели директорот Шабани.

    Тој најави дека догодина ќе бидат набавени нови контејнери и канти за ѓубре.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира