ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ЗАПАЛЕН ЛЕТНИКОВЕЦ ВО ПАРК ШУМАТА ГАЗИ БАБА

    ЗА ВРЕМЕ НА ПОЛИЦИСКИОТ ЧАС ЗАПАЛЕН ЛЕТНИКОВЕЦ ВО ПАРК ШУМАТА ГАЗИ БАБАПожарот го забележале инспекторите на Град Скопје кои со дрон правеле контрола низ Скопје.(Фото: Град Скопје)

    Денеска попладне, додека на сила е полицискиот час, запален е летниковец во парк шумата Гази Баба во Скопје. Пожарот го забележале инспекторите на Град Скопје кои со дрон правеле контрола низ Скопје.

    „На неколку локации во Скопје кои се најчесто вандализирани или пак се палат огнови, со дрон правевме рутинска контрола. Брзата реакција на Пожарна бригада на Град Скопје не дозволи пожарот да се прошири и направи поголема штета, имајќи ја предвид околината“, велат од Инспекторатот на Град Скопје.

    Пред два недели за време на полицискиот час беа запалени два нови контејнери на булеварот Партизански одреди, пред ТЦ „Буњаковец“. Досега ниту еден сторител не е фатен од полицијата.

    А. АНТЕВСКА

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира