ЗАБЕЛЕШКИТЕ НА ВЕНЕЦИСКАТА КОМИСИЈА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ НЕ СЕ КОНЕЧНА ВЕРЗИЈА, КАЖА ЗАЕВ

    ЗАБЕЛЕШКИТЕ НА ВЕНЕЦИСКАТА КОМИСИЈА ЗА ЗАКОНОТ ЗА ЈАЗИЦИ НЕ СЕ КОНЕЧНА ВЕРЗИЈА, КАЖА ЗАЕВЗаев ѝ порача на опозицијата дека предвремени избори ќе се одржат 45 дена пред редовниот термин; - Од посетата на фабриката „Маркарт“ близу Велес. (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев при денешниот престој во фабриката „Маркарт“ близу Велес кажа дека забелешките на Венециската комисија за Законот за јазици се само драфт верзија, не и конечна. Во следниот период, Комисијата ќе ги собира реакциите од надлежните, по што ќе излезе со конечна верзија.

    „Тие сакаат да ги видат коментарите на нивната предлог-верзија, за потоа да го изнајдат најдоброто решение. Рековме дека ќе ја почитуваме нивната забелешка, кога ќе го дадат конечното мислење. Можеме да дадеме објаснувања колку е важно правото на јазик, правото на правда, за на крај тие да го оформат своето мислење“, кажа Заев.

    За изјавата на Артан Груби од ДУИ дека „цената на мирот, еднаквоста и на меѓуетничките односи е неспоредлива со цената на имплементацијата на Законот“, тој рече дека „политичарите знаат да лупаат глупости“.

    „Човечко право е да се употребува јазик, тој е средство за разбирање, да го направиме животот да биде полесен. Оттука доаѓа потребата од Законот за јазици. Тоа е уставно право на граѓаните. Законот живее, ништо не се сменило во земјава“, додаде Заев.

    И вицепремиерот Бујар Османи денеска рече дека Извештајот од Венецијанската комисија не е готов и затоа не можам ништо да коментира.

    „Ова сега е работна верзија. Јас сум видел работна верзија која вели дека двојазичноста е добро, нека излезе извештајот па да видиме дали одговара на Рамковниот договор Законот за јазиците“, рече Османи на настанот на Антикорупциска комисија.

    Заев ѝ порача на опозицијата дека предвремени парламентарни избори ќе има вгодина во октомври, 45 дена пред редовниот термин, со цел земјава да ги искористи благодатите од приемот во НАТО и од добивањето на датум за преговори со ЕУ.

    На забелешките дека ја сменија сината со црвената боја, бојата на опозицијата, тој објасни дека црвената била европска боја на социјалдемократите.

    П. ПЕЧКОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира