ЗАЕВ ГО ПРOШИРИ СПИСОКОТ ЗА НАДОМЕСТ ЗА СТЕЧАЈЦИТЕ

    ЗАЕВ ГО ПРOШИРИ СПИСОКОТ ЗА НАДОМЕСТ ЗА СТЕЧАЈЦИТЕСекој понеделник стечајците се собираат пред општинската зграда во Штип и подрачните министерства за ажурирање на списоците (Фото: СДК.МК)

    Премиерот Зоран Заев на последната средба со стечајците го прифатил барањето списокот за надомест до нивно пензиионирање да се прошири и со останатите категории стечајци кои во првичните верзии на Предлог Законот на биле опфатени.

    „Со Министерството за труд и социјала најпрвин се договоривме Законот да се однесува само за оние стечајци кои имаат најмалку 15 години ефективен работен стаж во една фирма која отишла под стечај, но Заев прифати Законот да се однесува и за оние чиј збирен работен стаж од минимум 15 години е стекнат во повеќе државни фирми кои пропаднале и тие останале без работа. Ова и поради тоа што има многу стечајци на кои им фалат по неколку месеци од една фирма за исполнување на основниот услов од 15 години работен стаж,“ вели членот на УНИТ во Штип, Ќамаладин Арсланов.

    Штипските стечајци секој понеделник одржуваат состаноци и ги ажурираат списоците кои постојано се прошируваат со нови имиња.  Тие се надеваат на надомест до нивно пензионирање. Според ребалансот на буџетот и новиот предлог Закон, се предвидуваат средства од 7.590 денари надомест за 3.000 стечајци во цела држава и се очекува Собранието да го изгласа Законот во септември. Тој ќе важи и за стечајците заклучно со 31 јули, 2017, а не како што беше првично најавено за стечајците до крајот на 2016.

    Т. ЈОВАНОВСКИ  

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира