ЗАКАНИТЕ КОН МЕНЕ НЕ ГИ ПРИЈАВИВ ВО ПОЛИЦИЈА, ПРИЈАВИВ ТАМУ КАДЕ ШТО ТРЕБА, РЕЧЕ АРСОВСКА

    ЗАКАНИТЕ КОН МЕНЕ НЕ ГИ ПРИЈАВИВ ВО ПОЛИЦИЈА, ПРИЈАВИВ ТАМУ КАДЕ ШТО ТРЕБА, РЕЧЕ АРСОВСКААрсовска вели дека одредени луѓе ѝ се закануваат за да им бидат  простени криминалите кои ги првеле. - Арсовска на увид на чистење на дива депонија. (Фото: Град Скопје)

    Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска вели дека откако е дојдена на функцијата постојано е мета на закани. На денешниот брифинг со новинари, таа кажа дека одредени луѓе ѝсе закануваат за да им бидат  простени и аминувани криминали и злоупотреби кои ги правеле во изминатиов период, но не кажа кои се тие луѓе, ниту ги пријавила во полиција.

    „Јас сум предмет на закани од луѓе кои што мислат дека со тоа што ќе се заканат, ќе извршат притисок некој да направи тоа што сакаат да биде направено. Сметаат дека ќе бидат аминувани нивните криминали, или нивните работи кои што ги правеле изминативе години. Тоа нема да се случи“, рече Арсовска.

    На прашањето дали заканите ги пријавила во полиција, таа одговори: „Каде да пријавам? Таму каде што треба да пријавам јас сум си пријавила.  Ако треба да пријавувам закани, секој ден, по цел ден ќе треба да бидам во полиција“.

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира