ЗАЛЕДЕНО ЕЗЕРО И МРАЗ ГИ РАСИПАЛ ПУМПИТЕ ВО ЗАТВОРОТ К`ШАЊЕ И ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ОСТАНАЛЕ ЕДЕН ДЕН БЕЗ ВОДА

    ЗАЛЕДЕНО ЕЗЕРО И МРАЗ ГИ РАСИПАЛ ПУМПИТЕ ВО ЗАТВОРОТ К`ШАЊЕ И ЗАТВОРЕНИЦИТЕ ОСТАНАЛЕ ЕДЕН ДЕН БЕЗ ВОДАВо четвртокот дошло до дефект на пумпата поради ниските температури и затоа што замрзнала водата во езерото, а водоснабдувањето се нормализира за еден ден, вели директорот на затворот К'шање Марјан Спасовски. (Фото: СДК.МК)

    Технички проблем само еден ден го прекинал водоснабдувањето во затворот К’шање, а не како што се шпекулира во јавноста дека 4 дена затворениците останале без вода, тврди Марјан Спасовски, директор на КПУ Куманово – Затвор К`шање. Тој вели дека во четвртокот дошло до дефект на пумпата поради ниските температури и затоа што замрзнала водата во езерото. Во најкраток рок дефектот бил отстранет, а водоснабдувањето се нормализирало.

    „Не е точно дека 4 дена немаше вода. Станува збор за еден ден. Се работи за технички причини, се расипа една од пумпите затоа што повлекла мраз од замрзнало езерото со вода. Дефектот во текот на вчерашниот ден е отстранет и имаме нормално снабдевање со вода. Дополнително, вложивме напори и обезбедивме цистерни со вода ако има дополнителни проблеми“, вели Спасовски.

    Директорот вели дека последните две години откако тој дошол на функцијата имаат непречено водоснабдување, бидејќи успеале со општествено одговорни компании да обезбедат дополнителни количини вода и да го решат долгогодишниот проблем со водоснабдувањето.

    За да се увери дека нема проблеми во снабдувањето со вода денеска затворот го посетил и директорот на Управата за извршување на санкции Јовица Стојановиќ, кој заедно со Спасовски се уверил дека водоснабдувањето е непречено.

    Народниот правобранител од Куманово вели дека во последните неколку денови не добил поплака оти има проблеми со водата во затворот К’шање и нема информации дали имало прекин во водоснабдувањето.

    „Јас на 30 декември бев во заворот К’шање и разговарав со петмина затвореници, никој не се пожали на недостаток на вода, иако тој проблем е присутен од отварање на затворот. Од минатата година, со нови ископи доведени се дополнителни количини на вода и сега водоснабдувањето е многу подобрено. Сум разговарал и со директорот и одговорно тврдам дека состојбата со водоснабдувањето е подбра во однос на минатите години“, вели Заменикот-народен правобранител Насер Весељи.

    Проблемот со водата во КПУ Куманово-затвор К`шање е од самото отварање, бидејќи водата од бунарите не ги задоволуваше потребите на затворот. Еден период базенот за вода во затворот се полнеше со цистерни вода од водоводот од Свети Николе, а минатата година е ископани нови бунари за дополнителни количини на вода, кои ја подобриле состојбата.

    Затворот е со површина од над 5.000 метри квадратни и капацитет од 250 затвореници. За изградба на затворот потрошени се 234 милиони денари, а започна да се гради во 2008 година. Беше пуштен во употреба во септември 2013 година.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира