ЗАТВОРЕН ГОСТИВАРСКИОТ ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ОТИ МЕДИЦИНСКИ ТЕХНИЧАР ИМА КОРОНАВИРУС

    ЗАТВОРЕН ГОСТИВАРСКИОТ ЦЕНТАР ЗА ЈАВНО ЗДРАВЈЕ ОТИ МЕДИЦИНСКИ ТЕХНИЧАР ИМА КОРОНАВИРУСОсвен што е затворено целото Гостиварско подрачно одделение на Центарот за јавно здравје од Тетово, во домашна изолација претени се и дванаесет колеги на тегничарот на кои им се земени и брисови. (Фото: СДК.МК)

    Гостиварското подрачно одделение на Центарот за јавно здравје од Тетово е затворено, откако е утврдено дека медицински техничар е позитивен на коронавирусот. Освен што е целото одделение затворено, во домашна изолација претени се и дванаесет негови колеги на кои им се земени и брисови.

    „Одделението во Гостивар сега е затворено, а од сите колеги кои биле во контакт со заболениот земени се брисеви и сега ги чекаме резултатите. Исто така, чекаме и инструкции од Институтот за Јавно здравје да дојдат и да извршат проценка на ризик на контактите на нашите колеги. Ние како Центар за јавно здравје од Тетово се трудиме да ги преземеме итните случаи од Гостивар“, рече д-р Сузана Субашиќ, епидемиолог во Центарот за јавно здравје од Тетово.

    Од Центарот апелираат до граѓаните од Тетово за поголема дисциплина, бидејќи некои не ги почитуваат мерките на самоизолација. Со новите 4 случаи на заболени од коронавирусот, два во Тетово и два во Гостивар, вкупната бројка на заразени од КОВИД-19 во Полошкиот Регион е 21 лице, од кои 17 во Тетово и 4 во Гостивар.

    З. АНДОНОВ

    ЧИТАЊЕТО Е БЕСПЛАТНО.

    АМА НОВИНАРСТВОТО НЕ Е.

    Поддржете го слободното, независно, професионално новинарство. Новинарство со интегритет.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира