ЗЕЛЕНА ПРЕСТОЛНИНА НЕ СЕ ОДНЕСУВА САМО НА ЗЕЛЕНИЛО, ТУКУ НА НИЗА МЕРКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЖИВОТОТ НА ГРАЃАНИТЕ, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ ЗА АПЛИКАЦИЈАТА НА ГРАД СКОПЈЕ

    ЗЕЛЕНА ПРЕСТОЛНИНА НЕ СЕ ОДНЕСУВА САМО НА ЗЕЛЕНИЛО, ТУКУ НА НИЗА МЕРКИ ЗА ПОДОБРУВАЊЕ НА ЖИВОТОТ НА ГРАЃАНИТЕ, ВЕЛИ ШИЛЕГОВ ЗА АПЛИКАЦИЈАТА НА ГРАД СКОПЈЕШилегов објаснува дека прифаќањето на апликација не се однесува само на зеленилото, туку на низа други проекти кои ги презема Градот како изградбата на колекторскиот систем на реката Вардар, набавката на новите еколошки автобуси, изградба на велосипедски патеки, енергетско-ефикасни фасади на средните училишта, процесот на гасификација на Скопје кој ќе го почнеме како и политиките на преземање на топловодната мрежа. (Фото: СДК.МК)

    Признанието „Европска зелена престолнина“ не се однесува само на зеленилото, туку на начинот на функционирање на градот односно алтернативниот превоз, енергетската ефикасност, транспортот и сите други мерки што ги преземаме за подобрување на животот на граѓаните, вели градоначалникот Петре Шилегов, откако Европската комисија ја прифати кандидатурата на Град Скопје за Европска зелена престолнина во 2021 година

    За оваа награда аплицирале 21 град, а во потесниот круг односно апликацијата им била прифатена на 8 градови меѓу кои и Скопје. Шилегов објаснува дека наградата не се однесува само за зеленило и дрвја туку го вреднува напредокот што ќе го постигне еден град во 12 области од животната средина.

    „Се гледа појдовната позиција на градот пред една година кога јас ја преземав функцијата градоначалник, што е преземено во таа година и која е стратегијата на градот за подобрување на условите во средината и за развој. Ова признание е предизвик за градот и мене како градоначалник и индикатор дека Скопје е на вистински пат. Прифаќањето на нашата апликација не се однесува само на зеленилото, туку на низа други проекти кои ги преземаме како изградбата на колекторскиот систем на реката Вардар, набавката на новите еколошки автобуси, изградба на велосипедски патеки, енергетско-ефикасни фасади на средните училишта, процесот на гасификација на Скопје кој ќе го почнеме како и политиките на преземање на топловодната мрежа“, вели градоначалникот Шилегов.

    За наградата „Европска зелена престолнина 2021“ покрај Скопје се натпреваруваат и Будимпешта (Унгарија), Калјари (Италија), Дижон (Франција), Лахти (Финска), Лил (Франција), Стразбур (Франција), Тирана (Албанија) и Вестерос (Шведска).

    Наградата „Европска зелена престолнина“ досега ја добија градовите Стокхолм (2010), Хамбург (2011), Викторија – Гастејс (2012), Нант (2013), Копенхаген (2014), Бристол (2015), Љубљана (2016), Есен (2017), Најмиген (2018), Осло (2019) и Лисабон (2020)

    А. АНТЕВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира