ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОД МОГИЛА СО МЕХАНИЗАЦИЈА СЕ ВКЛУЧИЈА ВО ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА УЛИЦИТЕ

    ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ ОД МОГИЛА СО МЕХАНИЗАЦИЈА СЕ ВКЛУЧИЈА ВО ДЕЗИНФЕКЦИЈА НА УЛИЦИТЕЗемјоделците волонтерски помaгаат, на почетокот од акцијата се приклучија дваесетина, а потоа нивниот број порасна.(Фото: СДК.МК)

    Земјоделците од Општина Могила доброволно со сопствена механизација се вклучија во дезинфекција на улиците во населените места за заштита од корнавирусот. Согласно препораката на Кризниот штаб на Општина Могила, тие се вклучени во дезинфекција на сите локални улици во 12 населени места во општината.

    Земјоделците волонтерски помaгаат, на почетокот од акцијата се приклучија дваесетина, а потоа нивниот број порасна. Општината се наоѓа во срцето на житницата Пелагонија, има над 6.700 жители од кои повеќето претежно се занимаваат со земјоделство и сточарство.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира